СИГМА синоним за прекрасен златен накит Италијанското врвно злато заедно со вечните дијаманти е совршена комбинација за впечатлив и квалитетен накит што ќе ги отвори сетилата на секоја жена. Токму оваа комбинација може да се најде во првиот центар за дијаманти и продавница за италијански златен накит – СИГМА. Идејата е да се работи со исклучително квалитетен златен накит и златен накит во кој се вградени безбојни природни дијаманти со што се добива накит што ја зачувува традицијата, но воедно претставува модерен, а некогаш и благо авангарден моден детаљ. Целта е да се понуди накит што може да се носи во секоја пригода, затоа што накитот е моден детаљ што треба да се покаже, да истакне некој личен афинитет или нечиј стил. Накитот на СИГМА е спој на креативноста, страста, интуитивноста, фантазијата и естетската сензитивност, како и постојана посветеност да се понуди најдобриот дизајн и супериорна изработка. Доброто парче накит е како едно дело на уметноста и е резултат на спојување култури, традиција, знаење, чувство за префинетост и мост помеѓу сегашноста и визијата за иднината. Доброто парче накит е како љубов, страсно, предизвикувачко и никогаш докрај откриено. Посветеноста на убавината и женската елеганција е најдобрата дефиниција за моделите на СИГМА изработени со прекрасен елегантен завршеток што совршено се поклопуваат со светлината и живите бои и форми на накитот, туркајќи ги можностите на златото до неговите граници. Искуство и изграден бренд СИГМА е семеен бизнис на браќата Илчо и Сашо Дукоски, што е почнат пред 15 години, а низ годините ги водела идејата компанијата да биде синоним за квалитет што ќе ги претставува најновите светски трендови од светот на македонскиот пазар по цени прифатливи за секого и ќе нуди најдобра услуга на своите клиенти. Накитот може да се најде во продавницата на СИГМА во главниот град во Градскиот трговски центар. Моделите се дизајнираат од италијански дизајнери за потребите на СИГМА и се произведуваат исклучиво во Италија, по најновите светски трендови и техники на производство и доработка. Најголем предизвик за сопствениците на СИГМА е најновите модели и техники на изработка на накит да бидат претставени во Скопје само неколку недели по нивната светска премиера, а голема лична сатисфакција за нив претставува тоа што повеќе модели на накитот на СИГМА почнаа да се продаваат во мултибрендпродавниците за накит во Милано. Дијамантите што се вградени во накитот се од Белгија и потекнуваат од исклучително неконфликтни подрачја. Компанијата преку своите партнери од Белгија има обезбедено директен пристап до берзата на дијаманти што ја дава единствената можност на македонскиот пазар во златниот накит да има вградено природни безбојни дијаманти со бои Д, Е и Ф. Бојата на дијамантите почнува од Д и продолжува како англиската азбука, а во накитот на СИГМА се содржани само најдобрите Д, Е или Ф, дијаманти што во меѓународната класификација имаат ознака за безбојни. Пријатната атмосфера во продавницата во Скопје, квалитетната и посветена услуга и големиот избор на уникатен италијански златен накит ја прави СИГМА место каде што клиентите можат целосно да уживаат додека избираат златен детаљ што ќе им донесе позитивна промена во нивниот живот. Дијаманти секој ден Во четириесеттите или педесеттите години од минатиот век, кога дијамантите почнале да земаат замав и сè поголема популарност, поставено е правилото дека за еден свршенички прстен треба да се одвојат две просечни плати, а токму СИГМА, за секој што сака да има нешто убаво нуди нешто што е навистина вредно, со врвен квалитет и сепак со прифатлива цена. Златото и дијамантите никогаш не излегуваат од мода, па затоа од СИГМА оваа 2017 година одат чекор понапред и со нивното мото „Дијаманти секој ден“ сакаат да покажат дека е субјективно верувањето дека златото или дијамантите се недостапни и ќе докажат дека тие можат да бидат со прифатлива цена и достапни за сите вљубеници во убавото. 54
MELISSA SATTA for BATA CHARMING COMFORTABLE WITH IT 55