19.02.2018 Views

Portret Magazine No16

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

АЈ: Дали живееме во машки свет?

РБ: Да. Оние што раководат со светот, политички и економски,

се главно мажи. Во незападниот дел од светот родовите

разлики се уште поизразени и кршењето на женските права е

алармантно. Западниот свет оди во регрес кога избира на власт

задрти шовинисти како еден Трамп.

АЈ: Кои жени, според тебе, го променија светот?

РБ: Ги има многу: Сузан Б. Ентони, Нели Блај, Вирџинија

Вулф, Симон де Бовоар... но неодамна бев на промоција на

книга приказни на жени во Индија од ниските касти, кои цел

живот биле физички и психички малтретирани од семејството

и општеството: силувани, тепани и понижувани, лишени од

основни права за преживување. Пркосејќи му на целиот систем

што е морбидно сексистички (не се споредува со Балканот),

овие жени преземаат контрола врз својот живот и стануваат

шоферки и таксистки, нешто што е револуционерно во таа

средина. Ете, тоа се жени што го менуваат светот.

АЈ: Румена, ќе цитирам мал фрагмент од твојата книга

„Мојот маж“: „Тоа е затоа што мажите се духот, жените се

телото. Мажите се креативни, жените се практични. Мажите

гледаат горе, жените гледаат долу. Жените не можат да

бидат уметници – тоа не им е својствена природа. Ајде кажи

ми некоја голема писателка. Од рангот на Достоевски, на

Чехов, на Хемингвеј“.

– Па, ајде, кажи ми, Румена?

РБ: Ова не е нешто што сум го измислила. Ова сум го слушнала

од повеќе мажи во моето опкружување. Го зборуваат мажи и

веруваат во него. Степенот на самовоодушевување, неоснована

самодоверба и блескаво незнаење при вакви изјави е срамен и

смешен.

АЈ: Еве уште еден дел од твојата книга „Мојот маж“: „Мајка

ми на секои две години комплетно го реновираше станот, па

психијатарот тврдеше дека тоа е од потребата да избега од

себеси, одново да се најде во нешто друго“.

– Коментар?

РБ: Неможејќи да се соочат со своите психички проблеми,

некои луѓе прават физички промени врз себе или врз своето

опкружување. Некои го менуваат телото, други го реновираат

станот, трети го напуштаат градот...

АЈ: Како им одговараш на предрасудите од типот „жените

плачат, а мажите лажат“?

РБ: И на мажите често им е ускратено правото да плачат, да

љубат, да се плашат, да бидат емотивни и приврзани татковци.

АЈ: Дали има разлика меѓу машкиот и женскиот поглед на

„вечната љубов“? Како ја концептуализираш вечната љубов

во современи услови?

РБ: Не верувам во романтичниот концепт на „вечна љубов“ што

популарно ни се пласира: дека се вљубуваме во еден човек и

таа љубов вечно трае и ништо не може да ја уништи. Би било

фино да е така и да сме цел живот задоволни со тоа, ама

мислам дека светот е преголем и предолго сме живи за таков

концепт да може да опстане.

АЈ: Каков е твојот став за бракот?

РБ: Бракот веќе не е потребен штом жената е економски

независна. Традиционално, бракот е предавање на

сопственоста на таткото кон сопственоста на сопругот, пришто

жената е еден тип стока што треба да се продаде. Нели, оттаму

жената симболично добива друг идентитет, друг стопан, штом

го преземе презимето од мажот, а преку филмови и реклами нè

бомбардираат дека треба да уживаме во тоа, да се радуваме

кога некој „нè побарал“, нè одбрал небаре сме скап предмет,

па да прославиме со скапа свадба. Разбирам дека бракот во

извесна смисла е општествена нужност и дека луѓето полесно

функционираат во групи, но така и полесно се контролираат.

АЈ: Што е за тебе добар партнер?

РБ: Ах, окупирани сме со некакви стандарди за тоа што би

требало да биде добар партнер. Идеализираме и имаме

нереални очекувања, а притоа не се прашуваме какви партнери

сме ние.

АЈ: Кое книжевно дело би го издвоила како пресек на машкоженските

релации? И зошто?

РБ: Во последно време интензивно ги читам расказите на Елис

Манро (Alice Munro), што на суптилен, ненападен и комплексен

начин се занимаваат со пресек на ваквите односи. Овие раскази

се топли и полни со разбирање, иако суштински го критикуваат

општеството и човековиот непостојан карактер. Срдечно ја

препорачувам оваа извонредна писателка.

АЈ: А кои се, според тебе, најголемите разлики меѓу мажите

и жените?

РБ: Слободата, љубопитноста и физичката активност се

феномени што на девојчињата често им се ускратуваат во текот

на нивното воспитување во корист на кроткоста, послушноста

и учтивоста како „женски“ квалитети, што всушност само им

ги кастрат крилцата и ги прават несигурни и плашливи, во

потрага по „вистинскиот“ маж кој ќе ги заштити и ќе ги спаси од

суровиот свет. За жал, на ова масовно нè учи Холивуд, па дури и

квазифеминистичките популарни серии како „Сексот и градот“.

АЈ: Каде препознаваш сексизам во нашево општество?

РБ: Сексизмот е сеприсутен, само треба да го препознавате.

Сексизмот ги тера жените да се чувствуваат виновни каде што

не се. За почеток, гледајте колку често сексизмот е присутен

во секојдневниот разговор. Наспроти сите предрасуди дека

жените многу зборуваат, всушност тие се присилени да слушаат

додека мажите мажјаснуваат (mansplain), притоа неможејќи да

дојдат до збор затоа што мажите често ги прекинуваат.

АЈ: Дали татковците во Македонија треба да имаат право на

трудничко боледување?

РБ: Апсолутно. И треба да не им е срам да го користат.

АЈ: Дали жените-политичарки би го направиле светот

поубаво место?

РБ: Верувам дека процентуалната балансираност меѓу мажите

и жените во политиката ќе создаде нова позитивна динамика во

родовите односи и ќе придонесе кон вреднување и почитување

на човековите права. Една од главните работи што ги очекувам

е државата (со која речиси секаде раководат мажи), како и

верските институции (со кои отсекогаш раководеле мажи) да

престанат заедно да го контролираат женското тело, небаре го

поседуваат!

127

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!