19.02.2018 Views

Portret Magazine No16

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Колумна

Дневникот на

една диеталка

Четврток 02.02 Денес се разбудив супер расположена.

Вчера си легнав решена дека од денес сум на диета и одма

е друго. Го пиев утринското кафе и си симнав еден куп

диетални апликации. Само од што бев превозбудена не

размислив која диета ќе ја држам. Разгледав во фрижидер

и не бев задоволна, имав само едно полускапано јаболче и

краставички пред распаѓање. Опааа ми текна, ќе ја држам

„хроно“, и задоволно си доручкував леб (не беше хроно

ама од утре ќе бидам поорганизирана) и саламче. Во текот

на денот симнав и две „хроно“ апликации и на Facebook

се зачленив во две групи, за поддршка на нас хронерите

низ цел Балкан. На работа имавме многу стресен ден, па

нарачавме од „7ца“. Ја како хронерка нормално, нарачав

хамбургер без лепче и компири. Немав како да го држам па

морав да го јадам со двопек :).

Петок 03.02 Хроно воопшто не е добар метод за слабеење.

Како можеш да појадуваш чварки а да не смееш да јадеш

овошје? Денес ќе купам сѐ што ми е потребно и од утре ќе

си ја почнам „UnDiet“. Ама најправилно, со овошен, со воден

ден, ако треба и воздушен ден ќе направам за подобри

резултати. Скоро пола ден читав искуства на форуми и

чувствувам дека тоа е тоа. За последен пат си се почастив

пица, зaшто од утре ќе биде војскааа. Среќна сум, преубави

работи ме очекуваат. Па пролетни колекции, розевки

фармерки, па летни бели фустанчиња, кај ќе ми биде крајот,

ќе го прегорам Инстаграм.

Сабота 04.02 Денес не успеав да почнам со „UnDiet“. :)

Уште во 11 часот, другарките од основно ме натераа да си

нарачам едно бело винце. Бевме седнати на кафе, ама сите

ко што сме одговорни и карактерни, ручекот ни заврши во

17 ч. Ме мачеше и се мислев што да правам, јадев месо и

салати, добро и ептен малку компири. Се мислев дали да се

правам дека виното не се случило и да сметам дека сум на

протеински ден. Ммм? Еве го кај е понеделник, ќе си почнам

ко човек, најправилно на свет. Ако ова не го испочитувам да

даде Господ дупло да се здебелам!!!

Понеделник 06.02 Вчера ги купив сите потребни продукти

и сабајле почнав со овошјето сè ко што си треба, и мораше

да ја сретнам Ана. Буквално преполовена, најдотерана

и преубава. Збореше двеста на саат, цела еуфорична

ми раскажа: пиеш, јадеш прашак, ама скроз со вкус на

вистинска храна, ич не си гладна, крвната слика ми пука,

поубаво никогаш не сум се чувствувала, и најважно за месец

дена си пола ти. Ауууууу, па ова е за мене, како што немам

време, прашакот и чао. Отидов уште дента да купам, и сè

ќе беше супер, да не сум волкав хипохондрик. Престрашно

изгледаа магичните кесички и немав храброст да ги купам.

Петок 10.02 Ме немаше цела недела зaшто бев за никаде.

Два дена издржав, дури и на работа ги поминав сите

искушенија (мора да знаете дека работам со луѓето со

најбрз метаболизам), дури и во кино не јадев чипс и

пуканки. До средата бев на „пазам што јадам“ диета, во

четвртокот малку зезнав, ама не бев јас виновна. Гледав

еден престрашен филм со киднапирање на деца, и не можев

да заспијам до 5 сабајле, и изедов пола пакетче гумени

бонбони црви :). Денес решив дека имам рок до понеделник,

да побарам стручна помош и да имам исхрана препишана

од нутриционист. Малку плачев, малку се јачав, да бе сега

некој таму ќе ми кажува што да јадам. Топла вода ќе измисли,

зеленчук, овошје, месо, риба и чиа семе. И злобна станувам,

тоа е тоа, ќе завршам како исфрустрирана тетка што мрази

млади девојчиња.

Недела 12.02 Мислам дека денес доживеав просветление

и сигурна сум дека ќе бидам нов човек после ова искуство.

Го носев мојот најстар син, кај другар што живее на 7 спрат,

во зграда без лифт. До втори некако издржав, ама одеднаш

почнав да чувствувам многу силна болка во близина на

срцето. Не е инфаркт си викав, зашто имам читано во

слободно време дека ако умираш од инфаркт, ќе те боли

грбот. Го замолив син ми да се одмориме, којзнае на што

сум личела кога детето ме праша дали ќе паднам во несвест.

Го излажав дека сум само изморена и во агонија се мислев

дали да вртам по телефон, да доаѓа некој да ме спасува

или по станови. Имаш класичен паничен напад жено, не го

трауматизирај детето си повторував и некако успеав да се

качам и да го оставам кај другарчето. Пола саат се симнував

надолу, малку ме попушти болката, ама ми растеше

нервозата. До овде ли дојдов да не можам да дишам, да не

можам да се качам по скали. Сигурно ми бил некој мускул,

ама сфатив дека што и да правам морам да бидам здрава.

Три деца имаш, се карав сама, млада си, паметна, толку ли

е тешко. Даааа, ќе станам вежбачка сега, кардио прво дур

ослабам, па после дефиниција. И здрава храна, и ќе заврши

агонијава. Од утре се разбира, знаете веќе зашто :) ...

Ружица Антиќ

*Текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичноста

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!