19.02.2018 Views

Portret Magazine No16

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Што спаѓа во говор на омраза? Иако, по дефиниција, тоа

е секој говор што напаѓа личност или група, врз основа на

пол, род, етничка припадност, раса, сексуална ориентација,

честопати се крие под правото на слободно изразување и

мислење. Тој носи порака за инфериорност, гнев, омраза,

осудува и понижува. Освен преку директен говор, тој може

да се изрази и преку испишување на навредливи симболи,

графити, цртежи, преку палење знамиња или верски

симболи, преку делење летоци со содржина што поттикнува

омраза по која било основа. Иако во Република Македонија

постојат казнени дела што го регулираат говорот на

омраза, нивната слаба правна практика дополнително ја

усложнува постапката за искоренување на оваа „модерна“

дискриминација.

Зашто ни е толку лесно, скриени зад монитори, лажни

профили, псевдоними, да истураме злоба, фрустрации и

навреди? Ме мачи и прашањето дали секој сопственик на

„лажен профил“ или редовен коментатор на разни сајтови

е фрустриран, несреќен поединец, што стресот од неговото

секојдневие го истура „онлајн“, нешто што порано беа

спортските игралишта. Структурата на интернетот како

медиум, можностите што ги нуди, да си анонимен, да не го

гледаш соговорникот, навредата да ја напишеш во истата

секунда, без простор за колебање, го прави говорот на

омраза многу полесен за користење. Сознанието дека на

интернет сите повеќе или помалку водиме лажен живот, ни ја

зголемува вербалната агресивност кон работите кон кои во

вистинскиот живот сме потолерантни. Секој поединец или

секоја група што ќе се сретне со говор на омраза, најчесто

избира дали ќе се справи со него со игнорирање, без да

остави простор да се сврти вниманието на јавноста, или

со јавна осуда и повик за определена санкција. Минатава

година, особено во екот на изборите, па и сега во овој период

на политичка агонија, често поединци, здруженија, јавни

личности, организации изразуваа говор на омраза. Иако

често личи на политички став, бенигна појава, во ситуација

на политичко лудило, ваквите изјави, статуси, ескалираа

до вистински повик на реално насилство. Медиумите,

уредниците, сопствениците на портали, имаат одговорност

да ги санкционираат и да ги спречуваат коментарите, но во

практиката читаноста е многу поважна од нус појавите.

Пред некој ден мојот син воодушевен ми раскажуваше дека

некој светски рап артист, што цела година твитал навреди

за Џастин Бибер, сега направил навредливи стрип и песна,

ама на него и на неговите другари им биле многу смешни. Со

оглед на тоа што има десет години, овој разговор ми беше

повик за будење. Сакам да имам дете што ќе ја знае силата

на аргументиран дијалог, рамноправен разговор, отворен

кон секаков вид различности. Сакам ние, како родители,

со сите образовни и културни институции, заедно да им

укажеме на санкционирањето на вакви појави уште во корен.

Денес се смеат на познат пејач, утре на другар од клупа,

интернет-генерациите се осудени да растат без меѓусебно

сочувство и почит. Целата предност и слобода што ни ја

овозможува дигиталното царство се загрозени од говорот

на омраза, дигиталниот криминал и вербалното насилство

како неубавата страна на медалот. Ако не се преземат

порадикални мерки, негативните страни на интернетот ќе

ги засили нашите предрасуди и стереотипи, ќе ги стесни

видиците на нашите деца и ќе ни стане секојдневие.

МЕХАНИЗМИ ЗА ЗАШТИТА ОД

ГОВОР НА ОМРАЗА

ГОВОРОТ НА ОМРАЗА Е КРИВИЧНО ДЕЛО ВО

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Од февруари 2014 година во Република Македонија

стапија во сила нови законски одредби што

забрануваат и казнуваат говор на омраза и ширење

на материјали преку интернет што промовираат или

поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство,

против кое било лице или група, врз која било

дискриминаторска основа. Битно е и да се знае како

Европскиот суд за човекови права го препознава

говорот на омраза, бидејќи одлуките на овој суд

можат да се ползуваат и пред нашите судови.

МВР И ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

Говор на омраза на социјалните мрежи можете да

пријавите до одделението за електронски криминал

при Министерството за внатрешни работи. За

кривичното дело говор на омраза, исто така можете

да поднесете кривична пријава до основното јавно

обвинителство, кое треба да го истражи случајот и

да одлучи дали ќе поведе кривична постапка против

посочениот сторител.

КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

За случаите на дискриминаторски, вознемирувачки

или понижувачки говор, што има цел или резултат

повреда на достоинството на одредено лице

или создавање на заканувачка, непријателска,

понижувачка или застрашувачка средина, до

Комисијата за заштита од дискриминација можете да

поднесете претставка за заштита од дискриминација/

вознемирување. Претставката се поднесува во рок

од три месеци од денот кога била сторена повредата

или најдоцна една година од дознавањето за актот на

дискриминација.

АГЕНЦИЈА ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ

МЕДИУМСКИ УСЛУГИ

За случаите на говор на омраза на радио и

телевизија, можете да поднесете претставка до

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски

услуги, посочувајќи ја програмата, конкретниот

медиум, датумот и периодот на емитување на

програмата. Агенцијата може да поднесе опомена,

барање за поведување на прекршочна стапка,

кривична пријава и барање до Советот за одземање

на дозволата за работа.

22

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!