11.07.2015 Views

Почитувани читатели - Биро за развој на образованието

Почитувани читатели - Биро за развој на образованието

Почитувани читатели - Биро за развој на образованието

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Korica 2_vnatre B5 28.09.2012 10:30 Page 76Obrazovni refleksiiОпштеството инсистира наставните курикулуми секогаш да сезбогатуваат со нови содржини коишто ќе овозможуваат усвојувањена научни факти од страна на учениците, а притоа да се овозможуванивна поврзаност и од нив учениците да ги формираат и развиваатдуховните потенцијали и научниот поглед на свет.За да може училиштето да ја исполни својата мисија, треба даги следи промените во општеството и развојот на науките, дури некогаши да поттикнува создавање на промени, затоа што образованиетопретставува важен сегмент на општеството. Кога општеството поставувазаконски норми, од една страна, а родителите и јавноста честопати поставуваат барања коишто некогаш се противречни и нереални,од друга страна, доаѓа до зголемување на притисокот врз образованието,коешто излезот го бара во промените. Но, како и да е, овиепромени треба да бидат добро планирани, институционални и системскиорганизирани. Поради честата потреба за застапување на новитезнаења во постоечките курикулумски содржини, коишто се следат исо нови модалитети на работа, ни се чини дека образованието е предхаос, дека никој не знае што прави.За курикулумските содржини секогаш се зборува дека се преоптоварени,полни со историцизми и непотребни факти, но, од другастрана, во никој случај не треба да се изостави културното и националнотоминато коешто претставува основа на развојот на идентитетотна секој поединец, особено настаните и личностите од потесниоткрај кои придонеле за подобрување на нашиот денешен живот. Сооглед на специфичноста на нашето општество треба да се инсистирапреку културното и историското минато на народите да се развиемеѓусебното почитување во денешни околности. Преку почитувањетона другите, што е цел на сите демократски општества, кај ученицитеќе се поттикнува афирмацијата на своите индивидуални способностиза да бидат корисни во општеството, да бидат свесни дека само по -чи тувањето на способностите и вредностите доведува до прид ви -жување напред на целокупното општество.При воведувањето на нови содржини треба да се избегнува ди -дак тичкиот материјализам којшто доведува до вербализам и формализамна знаењата. 5 Ова подразбира отстранување на застаренитесодржини и нивно надополнување со нови, што значи дека обемотна материјалот што треба да се совлада во одредено одделение нетреба да се зголеми прекумерно, затоа што одзема повеќе време и непридонесува за продлабочување на знаењата, за поврзување на теоријатасо практиката и го спречува развојот и правилното формирањена концептите. Денес, од многу сложениот и обемниот систем на науките,во наставните програми треба да се воведе само тоа што ученикотќе го подготви за неговото натамошно образување.5 N. Zylfiu, Didaktika, Prishtinë, 2004, стр. 117.76

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!