Views
5 months ago

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

AirPlay

AirPlay Приемникот не може да биде пронајден од iOS уредот. • Проверете ги вашите поставки за пожарниот ѕид на софтверот за безбедност. За детали, погледнете на (страница 122) веб-сајтот. • Осигурете се дека iOS уредот или компјутерот со iTunes е поврзан на вашата домашна мрежа. • Ажурирајте ја верзијата на AirPlay софтверот на приемникот и на iOS уредот со последната верзија (страница 76). Звукот скока. • Звукот може да скока во зависност од фактори како што е мрежната средина кога користите безжична мрежа. • Серверите се преоптоварени. Затворете ги сите непотребни апликации кои ги користите во моментов. Не може да се работи со овој приемник. • Ажурирајте ја верзијата на софтверот на iOS уредот со последната верзија (страница 76). • Ажурирајте ја верзијата на софтверот на приемникот на последната верзија (страница 76). • Осигурете се дека нема друг уред кој истовремено емитува на AirPlay компатибилниот уред. Копчињата како што се 2 +/–, N, X, x, ., >, SHUFFLE и REPEAT не работат. • Осигурете се дека се активни поставките кои му овозможуваат на iTunes да прифати контрола од овој приемник. • Приемникот не е избран како далечински звучник на iOS уредот. Изберете го приемникот како мрежен звучник. SEN Не можете да го поврзете приемникот со некоја услуга. • Осигурете се дека рутерот/ пристапната точка за безжичен LAN се вклучени. • Проверете го статусот на мрежата. Погледнете „Information“ (страница 98), потоа изберете „Physical Connection“ во чекор 2. Ако се појави „Connection Fail“, поставете ја мрежната врска повторно (страница 60). • Кога системот е поврзан на безжична мрежа, поставете ги приемникот и рутерот/пристапната точка за безжичен LAN поблиску едни до други и повторете го поставувањето. • Ако вашиот контакт со вашиот Интернет оператор ја ограничува Интернет врската на еден уред во даден миг, овој уред нема да биде во можност да пристапи на Интернет кога друг уред е веќе поврзан. Консултирајте се со вашиот давател или оператор на услуги. Звукот скока. • Пропусниот опсег на вашиот безжичен LAN можеби е премногу мал. Поставете ги приемникот и рутерот/пристапната точка за безжичен LAN поблиску едни до други, без никакви пречки помеѓу нив. 120 MK

„BRAVIA“ Sync (Control for HDMI) Функцијата „Control for HDMI“ не работи. • Проверете го поврзувањето преку HDMI (страница 26). • Осигурете се дека сте го поставиле „Control for HDMI“ на „On“ во менито HDMI Settings (страница 95). • Осигурете се дека поврзаната опрема е компатибилна со функцијата „Control for HDMI“. • Проверете ги поставките на Контрола за HDMI на поврзаната опрема. Погледнете ги упатствата за работа на поврзаната опрема. • За да го исклучите кабелот за HDMI или да го промените поврзувањето, повторете ги постапките од „Подготвување за „BRAVIA“ Sync“ (страница 80). • Кога „Control for HDMI“ е поставено на „Off“, „BRAVIA“ Sync не работи правилно, дури и ако опремата е поврзана на приклучокот HDMI IN. • Типовите и бројот на опремата која може да се контролира од „BRAVIA“ Sync се ограничени во HDMI CEC стандардот како што следи. – Опрема за снимање (Blu-ray Disc снимач, DVD снимач, итн.): до 3 опреми – Опрема за репродуцирање (Blu-ray Disc плеер, DVD плеер, итн.): до 3 опреми – Опрема поврзана со пребарувачи: до 4 опреми – AV приемник (аудио систем): до 1 опрема Далечински управувач Далечинскиот управувач не функционира. • Насочете го далечинскиот управувач кон сензорот за далечинскиот управувач на приемникот (страница 9). • Отстранете ги сите пречки на патот помеќу далечинскиот управувач иприемникот. • Ако се слаби, заменете ги сите батерии во далечинскиот управувач со нови. • Проверете дали го избирате правилниот влез на далечинскиот управувач. Пораки за грешки Ако постои грешка, се појавува порака на екранот на плочата. Можете да ја проверите состојбата на системот според пораката. Ако кој било проблем продолжи, консултирајте се со најблискиот продавач на Sony. PROTECTOR Променлива струја излегува до звучниците или приемникот е покриен и отворите за вентилација се блокирани. Ресиверот автоматски ќе се исклучи по неколку секунди. Отстранете го објектот што ја покрива горната плоча на ресиверот, проверете го поврзувањето на звучниците и повторно вклучете го напојувањето. USB FAIL Преголема струја од портата (USB)е детектирана. Ресиверот автоматски ќе се исклучи по неколку секунди. Проверете го iPod/iPhone или USB уредот, потоа исклучете го и повторно вклучете ја струјата. За други пораки, погледнете „Message list after Auto Calibration measurement“ (страница 90), „iPod/iPhone листа на пораки“ (страница 47), „Листа на USBпораки“ (страница 50) и „Список со пораки за мрежните карактеристики“ (страница 77). Дополнителни информации 121 MK