Views
7 months ago

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Менување на

Менување на AM-скалата за пребарување (Само за моделот за Мексико) Можете да ја смените AM-скалата на пребарување на 9 kHz или 10 kHz преку копчињата на ресиверот. ?/1 Претходно поставување на FM/AM-радиостаници (Претходно поставена меморија) Можете да меморирате до 30 FM и 30 AMстаници како ваши омилени станици. V/v/B/b, OPTIONS TUNING MODE 1 Притиснете ?/1 за да го исклучите ресиверот. 2 Додека го држите TUNING MODE, притиснете ?/1 на ресиверот. Моменталната AM-скала за пребарување е изменета на 9 kHz (или 10 kHz). Повторете ја горната постапка за да ја ресетирате скалата на 10 kHz (или 9 kHz). Забелешки • Во зависност поставките, на ресиверот може ќе му треба време за да ја смени AM-скалата за пребарување. • Сите претходно поставени станици ќе се избришат кога ќе ја смените скалата за пребарување. 1 Најдете ја станицата што сакате да ја поставите користејќи Auto Tuning (страница 51) или Direct Tuning (страница 51). 2 Изберете „Preset Memory“, потоа притиснете . 3 Изберете претходно поставен број, потоа притиснете . Станицата е меморирана како избраниот претходно поставен број. 4 Повторете ги чекорите 1 до 4 за да меморирате друга станица. Можете да меморирате станици како што следува: • AM-појас: AM 1 до AM 30 • FM-појас: FM 1 до FM 30 Одење до претходно поставените станици 1 Изберете „FM“ или „AM“ од менито, потоа притиснете . 2 Изберете „Select Preset“, потоа притиснете . 3 Изберете ја саканата претходно поставена станица, потоа притиснете . Претходно поставените броеви од 1 до 30 се достапни. 52 MK

Именување на претходно поставените станици (Name Input) 1 Изберете „FM“ или „AM“ од менито, потоа притиснете . 2 Изберете „Select Preset“, потоа притиснете . 3 Изберете го саканиот претходно поставен број што сакате да го именувате, потоа притиснете , потоа притиснете OPTIONS. 4 Изберете „Name Input“, потоа притиснете . 5 Притиснете V/v повторливо за да изберете карактер, потоа притиснете b. Можете да ја менувате положбата на внесување нанапред и наназад со притискање B/b. Може да внесете најмногу 8 знаци како име. 6 Повторете го чекор 5 за да внесете карактер еден по еден, потоа притиснете . Името што го внесовте е регистрирано. Забелешка Некои букви што можат да се прикажат на телевизискиот екран не може да се прикажат на панелот за приказ. Примање RDS-емитувања (само модели во Европа и Австралија) Приемникот ви овозможува да користите Систем на радио податоци (RDS), кој дозволува радио станиците да испраќаат дополнителни информации заедно со вообичаениот сигнал на програмирање. Овој ресивер нуди погодни RDSкарактеристики, како што е прикажување на името на услужната програма. RDS е достапен само за FM-станици.* * Сите FM-станици не овозможуваатRDSуслуга, ниту даваат исти вид услуги. Ако не сте запознаени со RDS услугите во вашата област, проверете во вашите локални радио станици за детали. Едноставно изберете станица на FM-појасот. Кога ќе најдете станица којашто дава RDS-услуги, името на услужната програма* се појавува на телевизискиот екран и на панелот за приказ. * Ако RDS емитувањето не е примено, името на услужната програма нема да се појави. Забелешки • RDS може да не работи соодветно ако станицата што сте ја нашле не го емитува RDS сигналот или ако јачината на сигналот еслаба. • Некои букви што можат да се прикажат на телевизискиот екран не може да се прикажат на панелот за приказ. Операции на пребарувачот Совет Може да ја проверите фреквенцијата со повторливо притискање на DISPLAY додека се прикажува името на услужната програма (страница 106). 53 MK