Views
1 week ago

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

• Ако

• Ако поврзете сабвуфер со функцијата автоматски подготвено, поставете ја на исклучено (деактивирано). Забелешка Во зависност од карактеристиките на сабвуферот што го користите, вредноста на растојанието на поставување може да биде различна од вистинската положба. Поставување на звучниците За поставување на задните звучници за опкружувачки звук Можете да ја смените употребата на звучниците поврзани со терминалите SURROUND BACK/BI-AMP/FRONT HIGH/FRONT B во согласност со наменетата употреба. Забелешка Оваа постапка е достапна само ако „Speaker Pattern“ е поставена на поставка без заден звучник за опкружувачки звук и без преден висок звучник. 1 Притиснете HOME. На телевизискиот екран се појавува главното мени. 2 Притискајте на V/v за да изберете „Settings“, потоа притиснете . 3 Притискајте на V/v за да изберете „Speaker Settings“, потоа притиснете . 4 Притискајте на V/v за да изберете „SB Assign“, потоа притиснете . 5 Изберете го саканото поставување на звучниците, потоа притиснете . • Speaker B: Ако поврзете дополнителен систем на преден звучник со терминалите SPEAKERS SURROUND BACK/BI-AMP/ FRONT HIGH/FRONT B, изберете „Speaker B“. • Bi-Amp: Ако поврзете дополнителен систем на предни звучници со терминалите SURROUND BACK/ BI-AMP/FRONT HIGH/FRONT B користејќи врска на bi-засилувач, изберете „Bi-Amp“. • Off: Ако поврзете задни звучници за опкружувачки звук или предни високи звучници со терминалите SURROUND BACK/BI-AMP/ FRONT HIGH/FRONT B, изберете „Off“. За да ги изберете предниот звучник Можете да ги изберете предните звучници што сакате да ги употребите. Користете ги копчињата на ресиверот за да ја изведете оваа операција. SPEAKERS Притиснете SPEAKERS повторливо за да го изберете системот на преден звучник што сакате да го употребите. Можете да ги потврдите избраните терминали за звучниците со проверка на индикаторот на панелот за приказ. 36 MK

Индикатори Избрани звучници SP A Звучникот што е поврзан со терминалите SPEAKERS FRONT A. SP B* Звучникот што е поврзан со терминалите SPEAKERS SURROUND BACK/ BI-AMP/ FRONT HIGH/FRONT B. SP A+B* Звучникот што е поврзан со терминалите SPEAKERS FRONT A и со терминалите SPEAKERS SURROUND BACK/ BI-AMP/ FRONT HIGH/ FRONT B (паралелно поврзување). „SPK OFF“ се појавува на екранот на плочата. Не се емитуваат аудио сигнали од ниту еден од терминалите на звучниците. * За да изберете „SP B“ или „SP A+B“, поставете го „SB Assign“ на „Speaker B“ во менито Speaker Settings (страница 92). Забелешка Оваа поставка не е достапна кога се поврзани слушалки. За откажување на автоматската калибрација Функцијата „Auto Calibration“ ќе биде откажана кога ќе го извршите следново за време на процесот на мерење: – Притиснете ?/1. – Притиснете ги копчињата за внесување на далечинскиот управувач или вклучете го INPUT SELECTOR на ресиверот. – Притиснете . – Притиснете SPEAKERS на ресиверот. – Променете го нивото на јачина на звукот. – Поврзете ги слушалките. За рачно да го поставите ресиверот Погледнете „Прилагодување поставки“ (страница 87). Конфигурација на мрежните поставки на ресиверот Мрежните поставки за ресиверот мора да бидат точно поставени за да се користат функциите Home Network, SEN, AirPlay и PARTY STREAMING. Користење поврзување преку жичен LAN. DISPLAY V/v/B/b, HOME 1 Притиснете HOME. На телевизискиот екран се појавува главното мени. 2 Притискајте на V/v за да изберете „Settings“, потоа притиснете . 3 Притискајте на V/v за да изберете „Network Settings“, потоа притиснете . 4 Притискајте на V/v за да изберете „Internet Settings“, потоа притиснете . 5 Притискајте на V/v за да изберете „Wired Setup“, потоа притиснете . Ако на телевизискиот екран се појави „Change Settings?“, изберете „OK“ (Во ред), потоа притиснете . Подготовка на ресиверот 37 MK