29.01.2015 Views

Прирачник за новоизбраните локални функционери 2013 - Зелс

Прирачник за новоизбраните локални функционери 2013 - Зелс

Прирачник за новоизбраните локални функционери 2013 - Зелс

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

114

добивка на демократијата е што граѓаните можат да

ја практикуваат власта и непосредно, за прашања

од локално значење, преку граѓанска иницијатива,

собири на граѓани и референдум. Така, Законот за

локална самоуправа во членовите 25, 29 и 30 ги наведува

основните облици на учество на граѓаните

(граѓанска иницијатива, собир на граѓани, референдум,

претставки, предлози, јавни трибини и анкети).

Истите одредби се дел и од Статутите на единиците

на локалната самоуправа во Република Македонија.

Граѓанска иницијатива

Граѓаните имаат право да му предложат на советот

да донесе одреден акт или да реши одредено

прашање од неговата надлежност. Граѓанска иницијатива

не може да се поднесе за кадровски и за

финансиски прашања. Советот е должен за предлогот

да расправа ако го поддржат најмалку 10% од

избирачите на општината, односно на месната самоуправа

на која се однесува определеното прашање.

Советот е должен расправата да ја одржи најдоцна

во рок од 90 дена по доставената иницијатива и да ги

информира граѓаните за својата одлука.

Собир на граѓани

Собир на граѓани може да се свика за подрачјето

на целата општина или за подрачјето на месната самоуправа.

Собирот на граѓани го свикува градоначалникот

на општината по сопствена иницијатива,

на барање на советот или на барање од најмалку

10% од избирачите на општината, односно на месната

самоуправа на која се однесува определеното

прашање. Органите на општината се должни во рок

од 90 дена да ги разгледаат заклучоците донесени

на собирот на граѓаните и да ги земат предвид при

одлучувањето и донесувањето мерки по прашањата

на кои се однесуваат, како и да ги информираат

граѓаните за своите одлуки.

Референдум

Граѓаните преку референдум можат да одлучуваат

за прашањата од надлежност на општината, како

и за други прашања од локално значење. Советот е

должен да распише референдум на барање од најмалку

20% од избирачите на општината. Советот

може да распише референдум за прашања од негова

надлежност, по сопствена иницијатива. Одлуката донесена

на референдумот е задолжителна за советот.

Претставки и предлози

Секој граѓанин има право, поединечно или заедно

со другите, да доставува претставки и предлози

за работата на органите на општината и на општинската

администрација. Притоа, градоначалникот е

должен:

• да создаде услови за доставување претставки и

предлози;

• најдоцна во рок од 60 дена, од денот на приемот

на претставката, односно предлогот, на подносителот

да му достави образложен одговор и

• претставките и предлозите коишто не се однесуваат

на работи од надлежност на органите на

општината да ги достави до соодветниот надлежен

орган и за тоа да го извести подносителот.

Јавни трибини, анкети и предлози

При изготвувањето на прописите на општината, советот,

односно градоначалникот, може претходно

да организира јавни трибини, да спроведе анкети

или да побара предлози од граѓаните.

Форуми во заедницата

Форумот на заедницата претставува начин како да се

вклучат граѓаните со иницијативност од страна на локалната

самоуправа во процесот на донесувањето одлуки

и преку давање на препораки кои се важни за

нивниот живот и за самата заедница. Форумот на заедницата

има за цел општините да развијат транспарентни

практики на одлучување со вклучување на

граѓаните, а граѓаните да развијат чувство на одговорност

за трошењето на општинските средства. За

разлика од другите форми на учество на граѓаните

кога крајната одлука ја донесуваат локалните власти,

а граѓаните се консултирани, притоа може да се случи

нивните предлози не секогаш да се прифаќаат, кај

Форумот граѓаните заедно со локалните власти ја донесуваат

одлуката и таа е конечна, а властите треба

да ја извршат. Во некои случаи, како кај буџетските

Форуми, одлуката донесена на форум треба да биде

усвоена од Советот на општината, пред да може да

се спроведе. Форумите се организираат заради јавно

расправање или постигнување согласност на локалната

јавност за предложените приоритети во документите

за стратешки локален развој, за јавни дебати

за проблемите и утврдување решенија и приоритети,

како и за предлагање и избор на проекти или заради

развивање проекти од интерес на заедницата.

Форумот претставува низа од 6 средби на граѓани (сесии),

на кои преку структурирани дискусии учесниците

елаборираат проблеми и нудат решенија за нив,

истовремно давајќи и препораки за локалните институции.

Форумот се одржува во најмалку 5 (пет) сесии

од кои на последната сесија се донесува одлука за форумските

прашања. Шестата (последователна) сесија

има за цел да ги информира граѓаните за реализираните

решенија од форумот, по нивната реализација.

Главните одлики на форумскиот пристап се:

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!