29.01.2015 Views

Прирачник за новоизбраните локални функционери 2013 - Зелс

Прирачник за новоизбраните локални функционери 2013 - Зелс

Прирачник за новоизбраните локални функционери 2013 - Зелс

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

118

Инструментот за претпристапна помош (ИПА) е

фонд за кој апликациите по проекти се поднесуваат

во Република Македонија. За секоја компонента е

одговорна една оперативна структура, односно министерство.

Директно искористени и отворени за

општините како носители на проекти (апликанти)

се втората и потенцијално петтата ИПА компонента.

Оперативна структура на втората компонента е

Министерството за локална самоуправа (МЛС), а на

петтата Министерството за земјоделство, шумарство

и водостопанство (МЗШВ). Општините, како корисници

на ИПА грантовите, може да се јават и во

другите компоненети по објавен повик на веќе дефиниран

проект од соодветната оперативна структура

- министерство.

Компонента 1 - Транзициска помош и

институционална надградба

Помошта од Европската унија преку оваа компонента

е, всушност, помош за градење на капацитетите на

институциите и поддршка за исполнување на критериумите

поврзани со усвојувањето на правото на ЕУ.

Таа претставува и фонд со кој ќе се покриваат мерки

од компонентите 3, 4 и 5, а воедно, преку оваа

компонента се поддржува учеството на Република

Македонија во програмите и агенциите на ЕУ.

Националната програма ќе ги поддржува следниве

главни области на интервенција/ приоритетни оски:

1. Добро раководење и владеење на правото/ политички

критериуми;

2. Економски развој и социјална поврзаност;

3. Способност за преземање на обврските за членство

во ЕУ;

4. Поддршка за подготвување програми и учество

во програмите на Заедницата.

Во рамките на Националната програма се поддржуваат

реформите во јавната администрација;

поддршка на процесот на децентрализација;

преземање на заложбите од Спогодбата за стабилизација

и асоцијација; реформа на полицијата и во

судството; борбата против организиран криминал;

континуирано управување во областа миграција,

азил и визен режим и во целосно исполнување на

Стратегијата за интегрирано гранично управување.

Истовремено, преку компонентата 1 ќе се поддржат

областите на финансиско управување и контрола,

процесот на децентрализирано управување

на фондовите на Европската унија и создавање вистинско

партнерство помеѓу управата и граѓанското

општество, заокружувањето на реформите за регистрација

на земјиштето и недвижниот имот, засилувањето

на катастарот, контролата и надзорот на

финансиските пазари и подобрувањето на административните

капацитети во областа на фискалната

политика (на локално и на централно ниво), мрежно

информатичко поврзување со даночните системи

во ЕУ, создавањето сеопфатна трговска политика

на Република Македонија.

Компонента 2 – Прекугранична соработка

Основна цел на компонентата за прекугранична соработка

е да ја негува стабилноста, безбедноста и

просперитетот што е заеднички интерес на засегнатите

земји и да го охрабри прекуграничниот усогласен,

урамнотежен и одржлив развој. Во рамките на

втората компонента на ИПА, Република Македонија

има воспоставено прекуграничната соработка

со земјите- членки на ЕУ – Република Бугарија и

Република Грција, како и со Република Албанија, а

во делот на својата северна граница со Република

Косово.

Програмите и процесот на аплицирање на проекти

ги водат Заеднички мониторинг комитети (ЗМК),

тела, формирани за секоја прекугранична соработка

поединечно. Аплицирањето на проекти се врши

по објавен повик на интернет страницата на МЛС, а

по одлука на ЗМК. Општините при аплицирањето на

проекти треба да водат сметка за следното:

- Предложените акции за финансирање да се во

согласност со програмските мерки што ги поддржува

ЕУ, што подразбира дека треба добро

да се прочитаат, разберат и почитуваат правилата

објавени во повикот за аплицирање и во

Практичниот водич (ПРАГ);

- Предложените акции за финансирање да се во

согласност и/или да исполнуваат активности

предвидени во општинските програми и планови;

- Да обезбедат соодветен партнер од „другата

страна на границата“ за реализција на проектот;

- Градоначалникот на општината да обезбеди поддршка

(одлука) од Советот на општината за реализација

на проектот.

Генерално, Прекуграничната компонента опслужува

две оски на интервенција:

- првата се занимава посебно со регионални прашања,

човечки ресурси и рурален развој, отсликувајќи

делови од компонентите 3, 4 и 5 и

- втората се фокусира на конкретни проблеми

поврзани со границите, стимулирање директна

прекугранична соработка меѓу администрациите

и одредени акции од мал обем за локалните актери.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!