80 ставник од општината и општината во градот Скопје на чие подрачје е седиштето на установата, односно градот Скопје за детското одморалиште. Управниот одбор на општинската детска градинка и општинското детско одморалиште, основани од општината, е составен од седум члена и тоа тројца претставници од основачот, еден претставник од установата, двајца претставници од родителите на децата и еден претставник од министерството. 9.2.1. Установи за згрижување и за воспитување деца од предучилишна возраст Згрижувањето и воспитувањето на децата од предучилишна возраст е обликзаштита на децата кој како дејност се организира за згрижување, престој, нега, исхрана, воспитно-образовни, спортско-рекреативни, културно-забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето и за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до шестгодишна возраст, односно до вклучување во основното образование. Установи за згрижување и за воспитување на деца од предучилишна возраст се: јавни (општинска детска градинка и детска градинка на општината во град Скопје) и приватни детски градинкЈавната детска установа се основа од страна на Советот на општината, Советот на општината во градот Скопје и Владата со одлука за основање на јавна детска градинка, по претходно добиено мислење од министерството. Советот на општината и Советот на град Скопје и Советот на општините во градот Скопје донесува одлука за основање јавна детска градинка, по претходно добиено мислење од Министерството за труд и социјална политика. Градоначалникот на општината и на општината на градот Скопје, за своето подрачје води регистар на јавни установи за деца што се основани од нив и податоците од извршениот упис во регистарот ги доставува до Министерството. Директорот на јавната детска градинка го избира и разрешува градоначалникот на општината и на општината на град Скопје. Согласност за статутот на јавната установа за деца основана од општината, градот Скопје и од општината во градот Скопје дава Советот на општината и на градот Скопје преку издавање решение за давање согласност на статут. Со јавната детска градинка управува комисија именувана од директорот на градинката, а чијшто начин на работа и критериумите за прием на деца ги утврдува управниот одбор на градинката, во согласност со Советот на општината, Советот на град Скопје и Советот на општините во градот Скопје. 9.2.2. Установи за одмор и за рекреација на деца Одморот и рекреацијата на децата е облик на заштита на децата кој како дејност се организира за престој, активен одмор, социјализација на децата, воспитно-образовни, кутлурно-забавни, спортско-рекреативни и други активности за децата за развивање на психо-моторниот развој на децата и способност за договарање, почитување на разликите и соработка во групи, способност за прифаќање на себеси и другите и ориентација во просторот. Установи за одмор и рекреација на деца се: јавни (општинско детско одморалиште, детско одморалиште на градот Скопје и државно детско одморалиште) и приватни детски одморалишта. Советот на општината и советот на град Скопје донесуваат одлука за основање јавно детско одморалиште, по претходно добиено мислење од Министерството за труд и социјална политика. Градоначалникот на општината и на градот Скопје за своето подрачје води регистар на јавни установи за деца што се основани од нивните општини и податоците од извршениот упис во регистарот ги доставува до Министерството. Директорот на јавното детско одморалиште го избира и го разрешува градоначалникот на општината и на град Скопје. Согласност на статутот на јавната установа за деца основана од општината и од градот Скопје, дава советот на општината и на градот Скопје преку издавање решение за давање согласност на статут. Владата ја утврдува мрежата на јавните детски одморалишта по предлог на Министерството за труд и социјална политика, по претходно мислење на советот на општината и на советот на град Скопје. Составот и начинот на работа на комисијата именувана од директорот на јавното детско одморалиште, како и критериумите за прием на деца во одморалиштето, ги утврдува управниот одбор на одморалиштето кој е составен од седум членови, а во согласност со советот на општината и на советот на град Скопје. 9.2.3. Центар за ран детски развој Дејноста која се врши во рамките на згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст може да се остварува и во центар за ран детски развој. Центар за ран детски развој може да биде основан од Владата, општините, општината во град Скопје и домашно или странско физичко и правно лице. Центарот за ран детски развој спроведува програма за рано учење и развој на децата во предучичишна возраст од три до шест години, односно до поаѓање во основно образование. Центарот за ран
81 детски развој на општината и општината во градот Скопје се основа од страна на Советот на општината и Советот на општината во градот Скопје, по претходно прибавено мислење од министерството. *** Средствата за финансирање на јавните детски установи се обезбедуваат од државниот буџет. Овие средства се распределуваат на основачите на јавните установи - единиците на локалната самоуправа по пат на блок-дотации во согласност со закон. Општините, градот Скопје и општините во градот Скопје може да ја дополни добиената блок-дотација за подигнување на стандардот и на квалитетот на објектите и на услугите во јавните детски установи со средства од сопствени буџетски извори.