29.01.2015 Views

Прирачник за новоизбраните локални функционери 2013 - Зелс

Прирачник за новоизбраните локални функционери 2013 - Зелс

Прирачник за новоизбраните локални функционери 2013 - Зелс

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

2 ОРГАНИ

НА ОПШТИНАТА

13

Откако ќе ги добиете честитките за Вашата

нова функција и одговорност пред граѓаните,

тоа што уште на почетокот треба да го знаете

се одговорите на прашањата кои се Вашите права и

должности и како да работите ефикасно и ефективно.

Се надеваме дека наредните неколку страници

ќе ги прочитате со особено внимание.

2.1. СОВЕТ НА ОПШТИНА

2.1.1. Конституирање на советот

Изборите завршија, како ќе се конституира советот

Првата седница на советот ќе ја свика претседателот

на советот од претходниот состав во рок

од 20 дена од денот на завршувањето на изборите.

Доколку претседателот од претходниот состав не го

направи тоа, тогаш самите советници во рок од 10

дена, по истекот на претходниот рок, се свикуваат

и под претседателство на најстариот член на советот

ќе го конституираат советот. Треба да се внимава

овој рок да не се пропушти, зашто во таков случај

ќе се распишат нови избори.

Граѓаните Ве избраа да бидете член на нивниот претставнички

орган каде што ќе решавате во рамките

на надлежностите на општината. Бројот на членовите

на советот, во зависност од бројот на жителите

во општината, е различен. Така, најмалиот совет

брои девет члена, а најголемиот 33. За разлика од

општините, советот на градот Скопје, како посебна

единица на локалната самоуправа, го сочинуваат 45

советници.

Граѓаните, со тоа што Ве избраа на функцијата член

на совет, Ви го дадоа правото да учествувате во работата

на советот преку учество во расправата за

материјалите поставени на дневен ред, да предлагате

решенија или заклучоци за тие материјали,

како и да му поставувате прашања на градоначалникот.

Исто така, можете да предлагате донесување

одредени прописи со кои ќе се регулира одредено

прашање од надлежност на општината, да давате

иницијативи и предлози. На дневен ред е донесување

Програма за уредување градежно земјиште.

Во неа не е предвидена изградба на канализација

во дел од населбата во која живеете. Но, Вие можете

да предложите програмата да се измени или да се

дополни со тоа што во неа ќе се предвиди изградба

на канализацијата.

Материјалот што е ставен на дневен ред сметате

дека не нуди добро решение или не е добро изработен,

затоа Вие можете да предложите подобро решение

или да побарате да се донесе заклучок со кој

ќе се задолжи предлагачот тој материјал да го преработи.

Во работата на советот, како претставник на граѓаните,

решавате по сопствено убедување и не може

да бидете отповикани од функцијата, ниту да бидете

повикани на кривична одговорност или притворени

за мислењето што ќе го искажете или за тоа како

ќе гласате за време на работата на советот.

2.1.2. Неспоивост на функцијата

Со самиот избор на новата функција не ќе може да се

извршуваат други функции или дејности. Така, градоначалникот

не ќе може да биде во исто време претседател

на Република Македонија, претседател на

Владата на Република Македонија, пратеник, министер,

судија, судија на Уставен суд, јавен обвинител,

народен правобранител. Потоа, не ќе може да извршува

функција, чијшто избор или именување го врши

Собранието или Владата на Република Македонија.

Не ќе може да извршува стручни или управни работи

во органите на државната управа, ниту, пак, ќе може

да биде член на управни одбори или претставник на

државниот капитал во трговските друштва. Исто така,

не ќе може да извршува стопанска или друга профитна

дејност. Градоначалникот не ќе може да биде во

исто време и член на советот, а градоначалникот на

градот Скопје не ќе може да биде член на советот на

општините во градот.

Функцијата член на совет, на која Ве избраа граѓаните,

Ви го ограничува правото да бидете претседател

на Република Македонија, претседател на Владата

на Република Македонија, пратеник, министер, судија,

судија на Уставен суд, јавен обвинител, народен

правобранител. Исто така, не ќе можете да извршувате

функција, чијшто избор или именување го врши

Собранието или Владата на Република Македонија.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!