27.08.2018 Views

Portret Magazine No 31

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

развиен како што е развиен денес, никогаш немаше да ги

знам вештините за креирање видеа што ги знам сега.

Неодамна одржавте спектакуларен настан во организација

на „Јутјуб“ Македонија, што беше посетен од илјадници

деца и млади. Задоволен ли сте од насоките во кој се

развива македонската влогерска сцена?

Секако дека и јас и сите други македонски креатори на

сцената на „Јутјуб“ сме презадоволни од нејзиниот развој.

Никогаш не претпоставуваме дека ќе стигнеме до овде, но

секако тоа е плод на нашиот труд и на нашата креативност.

Како што постојат огромен број следбеници на мрежата

на „Јутјуб“, така има и различни видови јутјубери – некои

снимаат влогови, други снимаат игри, предизвици, лајвстримови,

филмови, песни и уште многу други работи. Секој

ја споделува својата пасија и љубовта кон тоа што го снима

и со тоа мрежата нуди огромен избор на видеа и буквално

секој од гледачите може да си најде по нешто интересно за

гледање.

Најважно за еден влогер е да биде влијателен и гледан, а

неговата содржина да биде квалитетна и интересна. Колку

често снимате влогови, го апдејтувате својот канал и каде

наоѓате инспирација за нив?

Поретко снимам влогови, за разлика од некои други јутјубери,

поради тоа што на мојот канал снимам повеќе гејминг-видеа.

Се обидувам да бидат колку што е можно поквалитетни и

за време на училишната година на мојот канал да закачам

по три видеа неделно. Имам практика за време на летниот

распуст или поради други прекини во текот на училишната

година да ставам ново видео секој ден. Инспирација наоѓам

на најразлични места, некогаш ќе видам нешто ново на

интернет, некогаш нешто ново ќе ми се случи во реалниот

живот, некогаш ќе добијам интересен предлог од страна на

публиката – но најмногу од љубовта што ја имам кон мојата

омилена мрежа „Јутјуб“.

Секој што редовно ги гледа вашите видеа, веднаш ќе го

забележи вашиот напредок. Која технологија најчесто

ја користите за снимање и како се едуцирате за нејзино

користење?

До неодамна користев обична веб-камера за компјутер, а

сега користам ДСЛР-апарат со кој го снимам мојот „facecam“,

односно моите реакции на играта. Играта ја снимам директно

на компјутер, а видеата ги спојувам и ги обработувам во

софтвер за видеомонтажа. Како што споменав претходно,

интернетот најмногу ми има помогнато за да се едуцирам за

користење на целата техника – од хардвер до софтвер, како

и самото искуство.

Неодамна објавивте и ваше музичко видео, што за многу

кратко време имаше милионски прегледи. На музиката

гледате како нов предизвик или уште еден начин да ја

изразите својата креативност?

Пред сè, огромно благодарам до џиперите и до сите што

ја слушаа мојата песна и навистина сте неверојатни за

огромниот број прегледи! Кога станува збор за музиката

– отсекогаш сум сакал да слушам музика, а понекогаш и да

создадам некоја своја музика. Сепак, не се гледам себеси

во професионалниот музички свет и иако можеби некогаш

повторно ќе објавам песна – тоа повторно ќе биде уште еден

начин да ја изразам својата креативност.

Светските влогери и јутјубери многу млади заработуваат

сериозни суми пари, а брендовите и компаниите плаќаат за

да ги пласираат своите производи во влогови и видеа. Каква

е свеста кај нас, имаат ли македонските влогери помош од

партнерски компании?

¬Засега, кај нас тоа не е многу развиено. Имавме среќа тројца

јутјубери, односно јас, BobiBeatbox и Winncoot неодамна

да бидеме одбрани да изработуваме видеа за „Фанта“,

кои во нас препознаа момци чијашто енергија одговара на

нивниот бренд и почнаа да нè поддржуваат. Па, така, сега

ни е полесно зашто добиваме голема помош за нашите и

нивните видеа, секако дека ни помогнаа и за остварување

на нашиот прв настан „Јутјуб шоу Македонија“. Секако, сме

соработувале и со други поголеми и помали компании кои

поддржуваат јутјубери или влогери, но најчесто тоа биле

еднократни проекти.

Од неодамнешниот настан можевме да забележиме дека сте

омилен кај многу деца, млади луѓе и сте вистинска ѕвезда.

Што се измени во вашиот живот откако станавте популарен

и на кој начин најмногу комуницирате со својата публика?

Иако не сакам себеси да се гледам како „популарна личност“,

сепак многу работи се сменија во мојот живот. Многу ме

радува тој факт и сум благодарен, бидејќи „популарноста“

многу ми помогна во својата одговорност, издржливост,

како и во самодовербата. Затоа најмногу си ја сакам својата

публика, со која најчесто комуницирам преку моите видеа и

преку коментарите под секое видео. „Популарноста“ сама

по себе носи одговорност и свесен сум за тоа, моите чекори

можат да влијаат на многу други луѓе и тоа најчесто се млади

луѓе, што се во развој. Но, во реалниот живот секогаш се

обидувам да бидам добра личност и да бидам праведен пред

сите и пред себеси. Мислам дека токму тоа се рефлектира и

во видеата на мојот канал на „Јутјуб“, така што чест ми е што

можам на толку многу луѓе да оставам насмевка на нивните

лица.

За крај, многу е важно да испратиме заедничка порака за

правилна употреба на интернетот. Можете ли да ни кажете

кои се најважните услови за едно дете да биде безбедно во

светот на социјалните мрежи и целиот интернет-криминал?

Доколку се работи за помало дете, многу е важно родителот

да знае што прави неговото дете и кои сајтови ги посетува.

Никогаш не треба да се посетуваат сомнителни страници

или, пак, да се разговара со непознати личности, исто како

и во реалниот свет. Исто така, многу треба да се внимава

каде се оставаат личните податоци, бидејќи на интернетот

тоа може многу лесно да биде злоупотребено. Сметам дека

и во училиштата треба да се обрне внимание на правилното

користење на интернетот, бидејќи децата се најранливите

жртви кои можат да потпаднат во опасности поврзани со

интернетот. Затоа, пак, „Јутјуб“ е една од најбезбедните

страници на кои можат да се забавуваат децата!

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!