27.08.2018 Views

Portret Magazine No 31

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

пет или седум, а остатокот да го поминете во гимназија.

Таму, децата кои се подготвени да ги поминат приемните,

добиваат потешки и покомплицирани задачи. За сметка на

тоа, настанува едно природно проветрување во средината,

каде што и тие што останале, добиваат шанса да бидат први,

да станат видливи. А оние што отишле во гимназија, да имаат

нов старт, да напредуваат, а не да тапкаат во место, чекајќи

ги другите да ги стигнат. Како и во животот. Училиштето ги

подготвува многу повеќе за реалниот живот што следува и

реалноста што е неизбежна.

АЈ: Како би ја опишале со неколку зборови вашата улога во

новиот филм „Мишко“ на младиот режисер Ханис Багашов,

чијашто премиера беше минатиот месец на Скопскиот

филмски фестивал?

ВН: Секој обид да ја опишам мојата улога во филмот на

Ханис во неколку зборови ми звучи штуро и нефер, пред сè

кон ликот, бидејќи комплексноста врз која се темели секој

лик, бара повеќе од неколку зборови. Во секој случај, морам

да признам дека ми беше задоволство да соработувам и да

го запознам Ханис, кој е еден неверојатен спој на талентиран

и воспитан млад човек, со кој допрва ќе се гордееме.

Искрено, отсекогаш сум гледала огромен мотив и несебично

сум се вложувала во проектите на многу млади режисери и

режисерки. Енергијата и чистотата што ја добиваш од нив

е непроценлива радост за сите нас. Довербата што им ја

даваме на овие млади луѓе, знаењето и искуството што сме

го стекнале е најдобрата инвестиција за едно колективно

добро. Нема ништо поубаво од тоа да знаеш дека си дел од

патот што треба го изодат овие млади автори.

АЈ: Каков тип сценарија ви се предизвик за творење?

ВН: Добри. :) Пишувањето е долг и макотрпен процес. Особено

сценариото, бидејќи во одреден степен е осаменичка,

аскетска работа. Покрај креативниот набој на сценаристот,

бара и познавање на структурата, на драматургијата, на

филмскиот јазик. Без ова не може да биде раскажана таа

приказна во слики. За разлика од литературното дело, што

се визуализира на индивидуално ниво во нашата глава, како

читач-восприемач, сценариото се стреми да биде колективно

визуелно патување што го восприемаме преку очите на

авторите кои работат на него. Режисерот е нашиот читач.

Додека добрата книга завршува на полица во нашиот дом,

доброто сценарио веројатно ќе заврши во нашата канта

за ѓубре. Сценариото е само преодна фаза до финалниот

производ, а тоа е готов филм. Тоа е долг процес, чиста

алхемија.

АЈ: А што конкретно од тој творечки процес најсилно може

да ги окупира вашите сетила?

ВН: Важно ми е лично да ме поместува, како човек, како

искуство што сакам да го доживеам, да ме тера да истражувам,

да верувам дека вреди да го споделам со другите. Инаку

е залудно потрошено време, а времето е скапо. Филмот и

онака е прескап за да трошиш енергија на неважни теми.

А пишувањето е начин на терапија, но не само лична туку и

на едно пошироко, колективно ниво. Филмот е неопходна

колективна ментална хигиена. Искрено, се сметам себеси

за совршено среќен човек зашто можам да се занимавам со

ваква професија.

АЈ: Дали традицијата ја сметате за богатство или за ментален

кафез?

ВН: Ментален кафез може да биде и најубавото нешто

што ни припаѓа, сме го наследиле или го сакаме. Сметам

дека тоа зависи од нас и од нашата свесност, од нашата

флексибилност, но и од слободата. Традицијата е богатство.

Може да ни биде конекција со нашето вчера, но доколку

станеме нејзини робови и слепи следачи, ќе ни стане

кафез. Сè во животот се сведува на постојан баланс,

неконзистентност, многу неизвесност, но и отвореноста кон

промени, кон перципирање на нешто што е највредно, а тоа

е сега и тука.

АЈ: Кичот е општествено легализирана форма на тиранија.

Скопје го восприемате од далеку, бидејќи одамна живеете

во Прага, но каде наоѓате кич во нашево општество? Што ви

пречи кога се враќате во родната земја?

ВН: Скопје е градот на моето второ раѓање. Јас верувам

дека ментално, духовно се раѓаме повеќепати, толку пати

колку што самите сме подготвени да почнеме од почеток.

Тука ги поминав најубавите, студентските денови. Тоа беше

прекрасна живеачка на која со задоволство се сеќавам. Тука

има едни прекрасни луѓе кои повторно и повторно ме тераат

да доаѓам. Факт е дека понекогаш не го препознавам градот.

Целата инстант-изградба што се одвиваше изминатиов

период ме вџасува, но тоа што не можеш да го промениш, не

треба да те фрустрира. Додека во времето на моето тукашно

живеење единствената кич зграда беше еден хотел во Дебар

Маало, денес е речиси насекаде. Жалам што се обидуваме

да бидеме нешто што не сме. Таа чудна несигурност во

сопственото битисување, недовербата кон нашите деца,

непочитта кон нашите родители и предци е нешто што ме

боли. Неприфаќањето на себеси раѓа кич. Ние сме опседнати

да им се допаднеме на другите, да бидеме нешто што не сме.

АЈ: Вашиот роден град, Охрид, е парче рај. Што најмногу ви

недостига од дома?

ВН: Велат дека глетката со која ќе се родиш е нешто што

целиот живот ќе го бараш. Езерото, мирот, тишината,

Галичица, најблиските... понекогаш ми се чини дека сум била

во истата темна ќелија во која Миладинов ја пишувал Т’га за

југ.

AJ: Колку (и на кој начин) сте во допир со себеси?

ВН: Себерефлексијата е една од најсилните доблести кај

луѓето. Ми се допаѓаат луѓето кои не престануваат да работат

на себе, бидејќи сметам дека тоа е исто толку бесконечно

колку и вселената. Луѓето се како водата, можеби ја

менуваат формата, состојбата, коритото каде што течат, а

сепак се вода, сепак се луѓе. Затоа, да останам во допир со

себеси е една од најважните работи што ме води. Само така

можеме да бидеме во допир и со сè околу нас. Се обидувам

да ја слушам својата интуиција и да имам дијалог со себе.

Себерефлексијата, себељубовта, себепочитувањето,

себекорекцијата, се нешто што завршува веројатно со

смртта.

АЈ: Што или кој е вашиот емотивен бастун на кој се потпирате

кога ви е темно?

ВН: Моите најблиски.

17

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!