27.08.2018 Views

Portret Magazine No 31

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

На „ти“ со

ВЕРИЦА НЕДЕСКА

ДЕЦАТА СЕ НАШЕТО

СОВРШЕНО ОГЛЕДАЛО

Нема ништо посилно и поиздржливо од жена

Пишува: Ана Јовковска

Фотограф: Жарко Чулиќ

Верица Недеска дојде во Македонија. Се израдував што

имам можност да ја интервјуирам оваа прекрасна жена,

актерка, сценаристка, режисерка, мајка на две деца, сопруга

на режисерот Иво Трајков, Охриѓанка која живее во Прага...

можам да продолжам да редам или, пак, да ја опишам со три

збора – ретко убав човек! Длабока е како родното Охридско

Езеро, а едноставна. Вредна и своја. Само што заврши со

снимањето на еден краткометражен филм каде што глуми,

а веќе паралелно го подготвува целовечерното сценарио со

кое живее подолг период. „Понекогаш се чувствувам како

обврските никогаш да не ќе завршат, но филмот не е трка на

100 метри, туку маратон, така што уште сум на патеката“, ми

вели. Глумата ѝ е одмор од светот на возрасните, а за светот

на децата ни проговори и од личните искуствава. На крајот

од разговорот ми ја кажа најточната дефиниција за кичот:

Неприфаќањето на себеси раѓа кич. Ние сме опседнати да им

се допаднеме на другите, да бидеме нешто што не сме.

АЈ: Верица, драго ми е што одвоивте време за овој разговор

во овие неколку денови додека сте во Македонија.

Најсиромашен човек е човекот без време. Во тој поглед, јас

се чувствувам мошне сиромашно во последно време. Вие? И

на што најмногу го „арчите“ своето време?

ВН: Драга Ана, во тој случај и јас сум една од посиромашните

душички на планетава. Во последно време сè повеќе запаѓам

во сиромаштија од таков вид. Обидувајќи се да балансирам

помеѓу домашните обврски и професионалните задачи што

ме чекаат, сè повеќе работи не стигнувам да ги направам.

Зошто децата се најкреативните суштества? Затоа што,

за разлика од возрасните, имаат време да се досадуваат,

а досадата раѓа креативност. Од тој поглед, жал ми е што

одамна не сум се досадувала. Постигнување баланс помеѓу

земјата во која живеам и земјата каде што ги развивам моите

моментални проекти, бара уште поголем напор за економично

и квалитетно трошење на времето. Но, претпоставувам, тоа е

судбината на секој возрасен. За среќа, со возраста доаѓа и

трпеливоста, мирот и сознанието за минливоста.

АЈ: Актерка, сценаристка, режисерка, сопруга, мајка...

Како ви изгледа еден ден во Прага, меѓу професионалните

обврски и приватните приказни?

ВН: Најважното нешто што морав да го научам, особено

откако станав мајка, е фактот дека перфекционизмот е

невозможен. Со сите овие „улоги“ што се обидувам да ги

„одиграм“ во животот, учам да реагирам и да импровизирам

на најдобар начин и, најважно од сè, да се радувам и да

живеам сега и тука. Утрата ми почнуваат во шест и до осум

часот сè ми е во знакот на подготовка за претстојниот ден

на децата. Откако едниот ќе тргне на училиште, а другиот во

градинка, се обидувам времето да го искористам за работа

14

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!