27.08.2018 Views

Portret Magazine No 31

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Моја борба

борат со ова. Во ваквите случаи може да се забележи колку

менталното здравје сѐ уште е табу-тема на која треба многу

да се работи.

Дури и кога има отвореност при зборувањето на темата

за депресија, некако секогаш се задржуваат прашањата

на терапијата, лековите, состојбата... ретко се зборува за

квалитетот на живот, во однос на пријателствата, љубовниот

(па и сексуалниот) живот, релациите со семејството... колку

се важни поддршката, разбирањето од нив, колкави се

жртвувањата од двете страни и слично?

Секако, квалитетот на животот е различен од тоа што би

сакале, но со текот на времето, како што се подобрува

состојбата, така и тоа се менува. Лично, поддршката и

разбирањето од моето семејство од пријателите ми значеа

сѐ, иако беа потребни големи жртви и одземање голем дел од

нивното време. Среќна сум што сум опкружена со луѓе што

имаа многу трпение, љубов и желба да ми помогнат. Посебна

благодарност до моите пријатели што останаа покрај сите

мои обиди за изолација и се бореа секојдневно заедно со

мене да ја надминам оваа состојба.

Она што е за секоја почит кај Вас се

отвореноста, искреноста и храброста

да зборувате за состојбите со кои се

справувавте – на какви коментари и

реакции наидовте притоа?

Кога почнав јавно и отворено да зборувам

за мојата состојба, бев свесна дека ќе се

соочам со секакви реакции, но исто така

знаев дека сум подготвена да се борам со

стигмата. Негативни коментари, како што и

очекував, имаше. Од тоа дека депресијата

и анксиозноста не се болести, ниту пак

нешто битно и сериозно, до тоа дека само

’ненормални‘ луѓе оделе на психолог, дека

било срамота што јавно зборувам за тоа и слично. Жално е

што во 21 век има луѓе што сѐ уште имаат вакви мислења, што

не знаат дека голем дел од менталните болести се последица

на хормонски промени и дека не е така едноставно како што

изгледа, ниту пак дека сами сме си криви за тоа. Но, покрај

негативните коментари бев исконтактирана од многу млади,

па и постари луѓе што се соочуваат со истото, но се плашат

да побараат помош или, пак, се чувствуваат неприфатено.

Благодарноста што ми ја искажаа за тоа што отворено

зборувам за она низ кое поминуваме ми значеше многу

повеќе од сите негативни коментари, како и фактот дека

можеби некој ќе успее да сфати и да разбере малку подобро

како е да се живее со ваква болест во општество кое не нѐ

прифаќа, со надеж дека можеби еден ден стигмата ќе се

намали.

Во целата битка со депресијата и анксиозноста се соочивте

ли со губење на блиски личности кои едноставно не ја

сфатија ситуацијата во која бевте и излегоа од Вашиот

живот?

За жал, во мојата битка изгубив неколку блиски личности,

меѓу кои и една од најблиските другарки, за која сметав дека

цел живот ќе биде покрај мене. Губењето на пријателството

Губењето на пријателството

го поднесов многу тешко, но

со текот на времето сфатив

дека не секој може да ја

разбере ситуацијата, ниту

пак е емоционално подготвен

да се соочи со такво нешто.

го поднесов многу тешко, но со текот на времето сфатив

дека не секој може да ја разбере ситуацијата, ниту пак

е емоционално подготвен да се соочи со такво нешто.

Не е лесно да се справуваш со личност која се бори со

анксиозност и депресија и не им замерувам на личностите

што не се веќе дел од мојот живот.

Студентка сте по психологија – дали одлуката за Вашите

студии потекнува од ситуацијата со која сте се справувале

уште од детството и ја гледате како повод и можност да им

помогнете на луѓето што би се нашле во иста или во слична

состојба како Вашата?

Уште од детството бев воодушевена од психологијата

како наука. Со текот на времето, едноставно знаев дека

е тоа вистинскиот избор за мене. Во најтешките моменти

желбата да се посветам на помагање на луѓето и љубовта

кон психологијата ми беа едни од најголемите мотивации да

продолжам да се борам. Сметам дека токму моето искуство

би било предност во поголемо разбирање на моите идни

пациенти.

Имајќи ја предвид тежината што ја носи депресијата, кога за

жал многумина што се справуваат со неа

неретко ја губат битката посегнувајќи

по сопствениот живот, што, според

Вас и Вашето искуство, е најважно во

ваквите најцрни моменти и за оној што се

справува со депресијата и за најблиските

од неговата околина што сакаат да му

помогнат?

Сметам дека поддршката и љубовта

од најблиските се едни од најбитните

работи, личноста да не се чувствува сама,

неприфатена. Поголема инволвираност

во нивните животи, постојано да се

покажува нивната важност и вредност.

Понекогаш и поттик да се направат и најмали работи може да

биде од помош бидејќи луѓетo што се борат со депресивни

епизоди тешко наоѓаат желба и сила само за да станат од

кревет. Секако, би препорачала и соработка со психолог/

психијатар, разговор со професионално лице и правилна

терапија можат да бидат добра превентива од суицидални

мисли.

За крај, иако не постои универзална парола како „остави, ќе

помине“, „ајде сѐ ќе биде во ред“ и слично, бидејќи сечија

битка е индивидуална – сепак, што во Вашиот случај Ви

помогна најмногу? Што би им порачале на поединците или

семејствата што се соочуваат со анксиозност или депресија?

На сите што се соочуваат со овие болести би им препорачала

да не се плашат да побараат помош. Менталната состојба на

умот е многу важна и не треба да се занемарува. Особено што

денеска има голем број достапни психолози и психијатри,

групи за поддршка (па макар и онлајн), па дури и разговор

со блиска личност знае да биде од помош. Не е срамно да

се признае дека се минува низ тежок период, тоа може да

му се случи секому. Со вистинска поддршка и правилна

терапија сметам дека секој може да се избори и успешно да

ја надмине оваа состојба.

29

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!