You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
На „ти“ со

НЕПРИФАЌАЊЕТО

НА СЕБЕСИ РАЃА

КИЧ. НИЕ СМЕ

ОПСЕДНАТИ

ДА ИМ СЕ

ДОПАДНЕМЕ НА

ДРУГИТЕ, ДА

БИДЕМЕ НЕШТО

ШТО НЕ СМЕ.

ГЛУМАТА МИ

Е ОДМОР ОД

СВЕТОТ НА

ВОЗРАСНИТЕ.

манипулација и заведување на масите. Уметноста би требало

да биде невина, чиста, да биде коректор на политиката,

а не нејзина љубовница. Што би рекол Брехт, уметноста

не е огледало, туку чеканот со кој се образува реалноста.

Уметноста може да убие, но може и да роди. Јас го избирам

второто. Но, тоа е право на личен избор, како и сè друго.

Затоа не судам. Се обидувам да ја живеам својата приказна и

да ја негувам таа чесна. Уметноста не трпи лаги.

АЈ: Од истата приказна се сеќавам на вашата изјава: „Моите

родители не беа типови што заспиваа со книга в рака. Не

беа интелектуалци, туку луѓе-работници, кои вредно си го

заработуваа лебот. Но, затоа секогаш ме поддржуваа да се

образувам и да читам. Велеа – да бидеш подобра од нас.“

Толку силен впечаток ми остави оваа ваша изјава, што по

три години сè уште ја паметам. Вашите родители треба да

се горди на вас, и како одлична актерка и како добар човек.

Што сакате да им пренесете вие на вашите деца?

ВН: Сакам да им го пренесам сето знаење што го имам, сакам

да бидат подобри од мене, сакам да ги инспирирам, да им

покажувам и да ги водам, а не да ги подучувам. Децата се

нашето совршено огледало. Не смееме да се лутиме доколку

прават нешто што не ни се допаѓа, веројатно тоа го виделе

од нас. Таму треба да биде корекцијата. Децата се моето

најинспиративно и најблагородно дело на кое сè уште

„работам“ и, за среќа, ќе го правам тоа до крајот на својот

живот. Тие се мојот најдобар учител. Сакам да ги научам да

бидат свои и да љубат. Сакам да бидат среќни и фер луѓе.

Веројатно најголемата желба на секој родител.

АЈ: Од вас слушнав дека во Чешка децата до петто одделение

во училиште немаат задолжителна литература за читање,

како нашите задолжителни лектири на пример, но затоа

имаат дневник на прочитани книги во кој си ги запишуваат

сите книги што ги прочитале и впечатоците што им ги

оставиле. Прекрасно! На тој начин децата учат читањето

да го поимаат како љубов, а не како обврска/задолжение.

Имате ли уште некој позитивен пример од образовниот

систем во Чешка со кој сте во директен контакт преку вашата

ќерка Зана, што би го препорачале во македонски контекст?

ВН: Многу сум задоволна со образовниот систем што го нуди

Чешката Република. Покрај навиката за читање што ја стекна

ќерка ми, која читањето го разбира како одмор, а не обврска,

сметам дека сум среќен родител, бидејќи, пред сè, моето

дете сака да оди на училиште и сака да напредува. Не мораме

да се убедуваме. И најважно од сè, гледам дека добива

применето знаење. Не постои борба за оцена до степен како

што е овде. Таму постои една основна радост од знаењето и

споделувањето. Љубопитноста не се убива, туку се негува.

Но, сето тоа почнува од претшколска возраст. Децата не

се присилени да рецитираат песнички и приредбите не им

траат час и половина, туку максимум 20 минути. Се посветува

време на индивидуализмот, а не на постројување во ред и

поредок. Во Чешка, горе-долу секое училиште има своја

политика и свое уредување. Мислам дека дури и секое

одделение и секоја учителка може да го одредува темпото

во своето одделение. Важното е до трето одделение сите

да знаат да читаат, собираат и одземаат. Исто така, постои

можност, наместо девет години во основно, да поминете

16