27.08.2018 Views

Portret Magazine No 31

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Мисли здрави мисли

влијаат врз нивниот морален развој. Како последица од

созревањето на претфронталниот кортекс, во периодот на

адолесценција донесувањето одлуки главно се одвива во сè

уште несозреаниот систем на амигдалата, кој се фокусира

на моменталната ситуација. Оттука, доколку сите врсници

постапуваат на одреден начин во дадената ситуација,

најверојатно и адолесцентот ќе се однесува исто. Во

возрасниот период, пак, претфронталниот кортекс дејствува

со иста брзина како и системот на амигдалата, што им

овозможува на возрасните многу повеќе да ги осмислуваат

моралните одлуки пред да ги донесат.

Меѓу најважните развојни задачи во периодот на

адолесценцијата спаѓаат оние што се насочени кон

стекнување физичка зрелост, постигнување интелектуална

компетентност, градење личен

идентитет, напредување во

моралниот развој кон повисоките

стадиуми на морално расудување и

покомплексен морален идентитет,

создавање емоционална независност

од родителите, воспоставување

поблиски и потрајни пријателски

врски, влегување во романтични врски,

професионална ориентација и избор

на идната професија, како и многу

други. За време на адолесценцијата

пријателствата се релативно стабилни

и најдобро се одржуваат кога

пријателите имаат слични ставови,

аспирации и интелектуален капацитет.

Пријателите од ист пол зафаќаат

поголем дел од перципираната

социјална мрежа на адолесцентите, а

пријателите стануваат еднакво важни,

па дури и поважни од родителите,

како извори на поддршка и совети во

многу значајни домени. Еден белег на

пријателството во адолесценцијата е

акцентот на блискоста и доверувањето.

Имено, адолесцентите покажуваат

поголема блискост во нивните пријателства отколку децата.

Во адолесценцијата когнитивните процеси се на повисоко

ниво отколку во детството, врз што влијае и поголемото

искуство. Адолесцентите мислат за алтернативните

можности, кои не се дадени непосредно и сетилно,

размислуваат низ хипотези, насочени се кон иднината, а за нив

е карактеристично и метакогнитивното мислење (мислење

за сопствениот мисловен процес). Во текот на развојот

на мисловниот процес ги преиспитуваат општествените

вредности, правила и норми, а неретко и ги негираат и

„уриваат“ бунтувајќи се отворено против авторитетите и

општеството. Основен дострел во когнитивниот домен е

развојот на апстрактно-логичкото мислење, што подразбира

способност за користење различни видови мислење, и на

дедуктивна логика. За периодот на адолесценција, исто

така, карактеристичен е изразениот егоцентризам, кој се

препознава преку три карактеристики. Првата се однесува на

неможноста адолесцентот да разликува помеѓу привремени

и подлабоки случувања (па затоа мисли дека некои лични

случувања, кои не се толку важни, ги запомниле и другите,

како што е, на пример, сопнување на скали во присуство

на сведоци). Второ, адолесцентот не прави разлика меѓу

субјективното и објективното (оттука, смета дека и другите

луѓе се исто толку заинтересирани за него/неа колку и тој/

таа самиот/ата). Третата карактеристика на егоцентризмот

во адолесценцијата се однесува на неможноста да се

разликува универзалното од посебното (поради што, на

пример, адолесцентот мисли дека радостите и маките од

неговата прва љубов се само негова/нејзина посебност и

возрасните не можат да го/ја разберат).

Еден исклучително важен развоен

процес кој се одвива во периодот

на адолесценција е процесот на

индивидуација, во кој адолесцентот

се ослободува од емоционалната

зависност од родителите, но ја

задржува врската со нив. Овој процес

се одвива во четири фази. Најнапред

има нагласена диференцијација

од родителите, што се гледа низ

критичкиот став кон нив, одбивање на

сè што тие му кажуваат и доживување

на себеси на начин различен од нив.

Потоа следува фазата на вежбање

на независноста од родителите, кога

адолесцентот ги одбива нивните

предупредувања и мисли дека сè може

самиот да испроба. Третата фаза е

повторно зближување со родителите,

но сега како самостојна личност,

при што се воспоставува соработка

и нема апсолутна послушност како

во детството. На крајот од овој

процес се воспоставува независност,

чувство на сопствен идентитет, т.е.

индивидуалност. Адолесцентите во овој период честопати

експериментираат со различни можни слики за себе,

го преиспитуваат и го критикуваат однесувањето на

родителите, чија дотогашна слика на идоли се деидеализира,

па некогаш дури и се обезвреднува. Неретко се јавува

изразен отпор кон крутиот авторитет, чести конфликти

и спротивставеност на мислењата. Па, сепак, она во што

адолесцентите најмногу се разликуваат од своите родители

е животниот стил што го претпочитаат, додека конфликтите

околу суштинските вредности се поретки. Оттука, гледано

низ призмата на односот родител–адолесцент, во периодот

на адолесценција всушност се одвива процес на двонасочна

социјализација каде што родителите и адолесцентите

заемно влијаат едни врз други и учат едни од други, што е

особено важно за квалитетен премин во периодот на рана

возрасна доба.

Доколку имате прашања и теми од развојната психологија за кои сакате да читате во некои од следните

броеви, пишете ни на contact@portretmag.com

99

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!