ARTDECO Instant Skin Perfector балзам за лице за природен финиш 1.270 ден. BOURJOIS Metal Edition 24 h течна сенка за очи 450 ден. ARTDECO Luminous Skin Stick стик за осветлување и потенцирање 830 ден. MAC Prep+Prime Fix+ прајмер и финиш за лице 1.308 ден. ОСВЕЖИ СЕ! ROSAL Perfect You путер за тело Фотограф: Жарко Чулиќ BOBBI BROWN All Over Glow течен хајлајтер 2.260 ден. DIOR Pump’N’Volume маскара 64
НОВАТА МИРИСНА БАЈКА ОД NINA RICCI СЕ ВИКА BELLA Во секоја девојка се крие по една принцеза. Токму затоа мирисните приказни зад Nina Ricci, Les Belles de Nina го комуницираат хаштагот #princesslife. По мирисите Nina и Luna, време е за доминација на новата принцеза со име Bella. Таа е палава и заводлива во исто време, а невозможно е да се одолее на нејзината убавина и на мирисот што ја отсликува: женствен, сладок, но нескротлив. ПРИНЦЕЗИ НА НОВОТО ВРЕМЕ Трите убавици на Nina Ricci се инспирирани од новата генерација. Nina во себе крие радосна романтика, преточена во калабриски лимон, нежна гарденија, зелен лимон, јаболка, кедрово дрво и бел мошус; загонетната заводливост искажана преку карамелизираните ноти, зачинети со розови бобинки се карактеристични за Luna. Овие два мириса, заедно со Bella, го сочинуваат триото на модерни принцези. МАГИЧНАТА ФОРМУЛА ЗАД BELLA Свежиот цветен мирис е дело на парфумерката Сонија Констант, која имала цел да креира секси мирис со карактер. Мирисната приказна почнува со рабарбара, чијшто делумно овошен, делумно горчлив вкус се надоврзува со свежа мандарина и допир на ванила. Цветните ароми се должат на масло од турска роза, фрезија и бел мошус, што создава сензација на кашмир по кожата. Сѐ заедно резултира со мирис што зрачи со спонтаност и смелост од една страна и сензуалност и женственост од другата. Знакот за препознатливост на Les Belles de Nina е, секако, јаболкото, што стана нивен амблем. Јаболкото асоцира на забрането овошје што евоцира искушение, страст и насладување, што кај новиот мирис е отсликан во зелена нијанса со златни детали, рефлектирајќи ја свежината и живоста на Bella. По првпат на ливчињата на јаболкото се појавува литмара во сина боја. ПРИКАЗНАТА ЗА ПРИНЦЕЗИТЕ Режисерот на новата кампања на Nina Ricci, Еугенио Рекуенко, ја осмисли приказната како модерна бајка. Во неа се појавуваат Нина, Луна и Бела, но нема простор за принцот од бајките, ниту, пак, за зли магии. Станува збор за ултрамодерни принцези кои можат да го вртат светот онака како што сакаат тие. Во улога на Нина е моделот Естела Боерсма, во улога на Луна е моделот, актерката и пејачка Сонија Бен Амар, a Бела ја оживува моделот Барбара Палвин. Секоја од нив има тотем што ја карактеризира – кај Нина тоа е був, кој ја отсликува нејзината мудрост, волк кај Луна за нејзината одлучност и срна кај Бела, која симболизира нескротливост. Трите заедно се храбри, не се плашат да се спротивстават, ниту да предизвикаат. 65