27.08.2018 Views

Portret Magazine No 31

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

ПРИКАЗНАТА ЗАД БРЕНДОТ-МЕДУЗА

ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ ОД ПРВАТА РЕВИЈА НА ВЕРСАЧЕ

Пишува: Џејлан Рустемоска

Oд шивачката работилница на неговата мајка во

Калабрија, до црвениот тепих во Лос Анџелес,

приказната за Џани Версаче е клучно парче од

мозаикот наречен made in Italy, но и важно поглавје од

историјата на модата во светски размери. Низ неговиот

концепт италијанската мода се развива во вистинската

насока: не само парчиња внимателно дизајнирана облека

туку цел универзум во кој се испреплетуваат уметност,

култура, историја и имагинација. Неговата трагична

смрт пред околу дваесет години само му додаде доза

мистериозност на неговиот лик, праќајќи го порано

од очекуваното во историјата на модните митови на

дваесеттиот век.

Џовани Марија Версаче, подобро познат како Џани, е

роден во Реџо Калабрија непосредно по завршувањето

на Втората светска војна. Уште од мали нозе се одликува

со љубопитност и желба за создавање, надминување на

границите на возможното и откривање на нови хоризонти.

Шивачката работилница на неговата мајка на улицата

„Томазо Гули“, број 3, е неговото омилено катче каде што

ја храни својата креативност и учи како да создава чуда со

своите раце. Мајка му важи за најдобра шивачка во градот

и воопшто не е загрижена кога учителките ѝ укажуваат на

неговата опседнатост со италијанските филмски диви,

чиишто силуети честопати се наоѓаат во тетратките на Џани,

наместо домашните задачи. Едноставно, тие не знаат да ја

препознаат смислата за естетика и мода на нејзиниот син.

Како што минуваат годините, Џани сѐ повеќе се оддалечува

од формалното образование, а сѐ повеќе се приближува до

остварување на сонот. Цела своја креативност ја испробува

на неговиот омилен модел, неговата помала сестра, муза

и сојузник во секој потфат, Донатела Версаче. Неговиот

префинет вкус ќе го донесе најдоброто од актуелните прета-порте

колекции на Genny, Callaghan, Florentine Flowers и

Chloé во семејниот бутик. Локалните госпоѓи опседнати со

мода го доживуваат младиот Џани како бог и безрезервно

се потпираат на неговите модни совети.

Кога има 25 години тој ја напушта родната Калабрија и

се сели на север, во Милано, градот што речиси преку

ноќ станува светска модна метропола, еволуција за која

и самиот ќе одигра важна улога. Најпрвин соработува

со најпознатите конфекциски куќи, а набрзо, заедно со

неговиот постар брат Санто ги поставуваат темелите на

семејната модна куќа. Во 1978 година се случува првата

62

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!