27.08.2018 Views

Portret Magazine No 31

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Луна Радонјанин го почнува своето образование во „Нова“ од второ одделение сѐ до четврта година. Гледајќи

наназад кон годините поминати во училиштето и гимназијата таа вели: „Без ’Нова‘, одлуката да го продолжам

академското образование во Кина немаше да биде лесна и веројатно немаше да биде ниту возможна“. Како

најзначаен аспект од школувањето ја издвои поддршката од наставниците и консултантот за избор на факултет,

Бела Глигорова, кои постојано го следеле нејзиниот развој низ годините и остварувањето на нејзините цели и

соништа преку запишувањето на Универзитетот Њујорк Шангај. Токму овој факултет бил нејзин прв избор за

универзитет на кој се учи на англиски јазик, според програмата „Advanced placement“ со која имала можност

да се запознае при учењето во „Нова“. Интересно е што Луна поминала три години од детството во Шангај,

кому повторно му се враќа: „Сега ќе имам шанса повторно да ги доживеам тие искуства од перспектива на

студент и очекувам дека и универзитетот и градот ќе ми помогнат да научам многу повеќе и да ги развијам

моите идеи и интереси во природните науки“, завршува таа.

Меѓународната матура (IB) во гимназијата „Нова“ била главната причина поради која Њомза Селмани

се префрлила во ова училиште во трета година. Иако била трансфер-ученик, многу брзо се вклопила во

програмата и во новата средина. „Од првата недела се вклучив во голем број на школски клубови и учествував

на повеќе воншколски активности како ученичкиот совет, Дебата, Црвен крст, Модел Европски парламент.

Различниот пристап кон предметите во програмата ми го развиваше критичкото размислување и ми овозможи

да се стекнам со вештини за пишување научни трудови и истражување што ќе ми го олеснат понатамошното

образование“, вели Њомза. Процесот на аплицирање на универзитетите подразбирал многу труд и време,

почнувајќи од есеите, па сѐ до интервјуата. Но, нејзиниот труд се исплатеше – и покрај тоа што ја примиле на

дванаесет универзитети, одлучувачки беа истражувачкиот карактер и можностите за лабораториска работа

на Универзитетот Њујорк Абу Даби, каде што Њомза ќе студира биомедицинско инженерство.

Како дел од убавите искуства и моменти поминати во „Нова“, Мија Јовчевска ја издвои програмата Advanced

Placement (AP). „Станува збор за американска програма што им дава можност на средношколците ширум

светот да учат предмети на факултетско ниво и за нив да бидат екстерно оценети преку еден завршен испит“,

вели Мија. Иако на овој начин изучувани, предметите, според неа, биле потешки и пообемни, ѝ овозможиле

подлабоко изучување на природните науки и математиката, како и поширока перспектива за светот преку

часовите по економија и компаративна политика. За запишувањето на Универзитетот на Пенсилванија

најзаслужно го гледа учењето во „Нова“ вклучително со програмата AP, волонтерската работа и професорите

кои ѝ дале огромна помош и поддршка. Мија ќе студира биохемија и биофизика, а како што самата вели,

истражувачкиот карактер на Ју-Пен и современите лабораториски услови се главните причини поради кои со

ентузијазам ги исчекува факултетските денови.

Интересот на матурантката Бисера Алчевска отсекогаш бил насочен кон природните науки. „Гимназијата

’Нова‘ им дава можност на учениците да изберат часови како дел од програмите AP и IB. Овие часови се на

повисоко ниво и се наменети за да ги подготват учениците за нивните понатамошни студии“, вели таа. Воедно,

додава дека, иако процесот на аплицирање на престижните универзитети е многу напорен, професорите и

академските советници во „Нова“ обезбедуваат поддршка за сите ученици кои имаат желба да студираат на

овие универзитети. „Знаењето што го стекнав во ’Нова‘ би сакала да го надополнам и да го применам во мојата

понатамошна кариера и сметам дека Универзитетот Њујорк Шангај ќе ми ја овозможи таа цел. Возбудена сум

што ќе ја имам можноста да учам од светски познати професори и што ќе бидам вклучена во практичниот дел

од наставата, односно во истражувањата на моите професори“, додава Бисера.

Стремежот да се излезе од традиционалниот начин на размислување, искажување и образование во третата

година од гимназиското образование ја донело Анастазија Христова до гимназијата „Нова“. „Влегов со отворен

дух за нови предизвици, а на крајот излегов со многу повеќе – се пронајдов себеси и создадов своја образовна

цел – да студирам односи со јавност“, вели Анастазија. Сублимираната и стручна програма „Меѓународна

матура“ и професионалниот кадар ѝ помогнаа при остварување на оваа цел, а дружбата со деца од различни

националности и култури ја гледа како најзаслужна за нејзиното оформување како граѓанин со отворени

погледи кон светот. Анастазија беше примена во речиси сите училишта во САД каде што аплицираше, но се

одлучи за Универзитетот „Де Пол“ поради, како што самата вели, уникатната академска платформа за личен

и професионален развој. „Покрај тоа, голема улога играат и условите за студирање – ми беше доделена

стипендија, а морам да признам дека примамлива беше и локацијата на универзитетот што се наоѓа во срцето

на Чикаго, давајќи ми можности за практика во врвни агенции“, завршува таа.

23

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!