27.08.2018 Views

Portret Magazine No 31

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Портрет мода

официјална самостојна ревија за женската колекција

на Џани Версаче во палатата на Перманенте во Милано,

а ефектот врз публиката ги надминува очекувањата на

младиот дизајнер. „Версаче“ буди восхит и го остава

светот гладен за повеќе. Кога го прашуваат за изворот на

инспирација, Џани одговара дека за сѐ е заслужна неговата

Калабрија и сведоштвата за славното минато на грчката

и римската империја. Токму слободната комбинација на

декоративни елементи од различни уметнички епохи го

дефинира неговиот единствен стил, па така во неговите

колекции можат да се најдат елементи од ренесансата,

барокот, па сѐ до поп-арт уметноста. Не само за линиите

туку и за материјалите, од преработена кожа во различни

бои, преку култната метална мрежа што и денес е заштитен

знак на брендот, па сè до свила во шарени, иновативни

дезени. За заштитен знак на брендот, „Версаче“ неслучајно

ја одбираат медузата од грчката митологија, алудирајќи на

моќта на брендот да го маѓепса и да го зароби во својот

свет секој што барем еднаш ќе се препушти на нивната

фантазија.

Производ на креативната смелост на Џани Версаче е една

поинаква жена, изразито секси и гламурозна, која остава

важен печат врз модната естетика на осумдесеттите и

деведесеттите години. За да ја претстави пред светот

ги одбира топ-моделите, дури според многумина токму

Версаче ги измислува супермоделите кои гордо ги носат

неговите колекции: Наоми Кембел, Синди Крафорд,

Кристи Тарлингтон, Линда Евангелиста, на кои подоцна

им се приклучуваат Клаудија Шифер и Карла Бруни,

сите протагонистки на револуционерните рекламни

кампањи за „Версаче“, кои го носат потписот на некои од

најславните фотографски имиња од деведесеттите. На

листата приврзаници на брендот не изостануваат и славни

имиња како Елтон Џон, Џорџ Мајкл, Стинг, Мадона, па

дури и Леди Ди, верен фан на линијата на висока мода

„Atelier“. Креативноста на Џани Версаче го премостува

светот на модата и се проширува на линии за ентериер и

декор, како и креации на костими за театарски претстави

и опера, полиња на уметноста што уште во раното детство

за дизајнерот стануваат извор на инспирација и нови

предизвици. Палатите на Џани Версаче во Милано, Комо и

Мајами се храмови во кои се слави неговата естетика што сѐ

до последните денови од неговиот живот ќе се развива во

нови форми и димензии.

И токму кога Џани Версаче се наоѓа на врвот на својата

кариера и се чини невозможно да се заузди неговата

креативна генијалност, се случува трагедија. Во едно

сосема обично сончево утро во Мајами, враќајќи се од

кратка прошетка, Џани Версаче е смртно застрелан пред

влезот на неговата вила Каза Казуарина од страна на

серискиот убиец Ендрју Каненан. По смртта на Џани, што и

понатаму останува обвиена во мистерија, целата модна куќа

ја губи рамнотежата што токму неговата сестра Донатела

Версаче ќе успее да ја воспостави повторно, најпрвин

работејќи во сенката на споменот на нејзиниот брат, а

подоцна ослободувајќи се од притисокот да биде како него

и давајќи му сопствен печат на семејниот бренд. И нејзина

заслуга е што брендот-медуза што се раѓа од малечката

шивачка работилница во Калабрија и визијата на Џани

Версаче, денес е вистинска семејна империја што, покрај

модни колекции, вклучува линија парфеми, скапоцен накит,

ентериер, па сѐ до синџир луксузни хотели.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!