27.08.2018 Views

Portret Magazine No 31

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

ШЕСТИОТ ВИКЕНД НА ГОРДОСТА

КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКИ НАСТАН

ОД СВЕТСКИ РАНГ

Месецов ќе го почнеме со шестиот викенд на гордоста, што веќе прерасна

во сериозен и високопрофилиран културен настан, на кој публиката

секоја година има можност да ужива во современите и професионалните

продукции на регионални и светски уметници. Разговаравме со неколку луѓе

кои со својата работа и со своето залагање направија овој настан да изгледа

навистина светски.

Пишува: Ружица Антиќ

СЛАВЧО ДИМИТРОВ, куратор на фестивалот,

Коалиција „Маргини“

Во јуни по шести пат се одржува „Викендот

на гордоста Скопје 2018“, организиран од коалицијата

„Маргини“ и ЛГБТИ Центарот за поддршка при Хелсиншкиот

комитет на РМ. Чувствувате ли дека за овие шест години има

промена на свеста кај македонската јавност?

Овие последни шест години беа исклучително динамични

и турбулентни, исполнети со насилство, дискриминација и

понижување, од една страна, и борба, упорност, истрајност

и креативност од друга. Мислам дека промените неизбежно

се случија, колку и да изгледаат како мали победи и

поместувања, и ќе продолжат да се случуваат. Нови

линии на солидарност, нови алијанси на поддршка, нови

пријатели, луѓе од најразлични области, генерации и статуси

што застанаа во одбрана на правата на ЛГБТИ-луѓето.

Но, останува и фактот дека сè уште огромен процент од

македонската јавност е хомофобична и трансфобична, тоа

го покажуваат многу истражувања. Особено е загрижувачки

дека ваквите ставови се високозастапени помеѓу младата

популација. ЛГБТ-луѓето сè уште секојдневно се соочуваат

со дискриминација, срам и понижување, живеат двојни

животи, во страв од насилство и исклучување, а властите,

институциите и медиумите срамежливо или исклучително

малку зборуваат за овие проблеми. Сепак, охрабрувачки за

нас е дека секоја година бројот на публиката и интересот

за уметничките и културните содржини што ги нудиме на

Викендот на гордоста расте, а со тоа и сè поголем број

луѓе се вклучува во процесот на себетрансформација низ

интеракција со уметничките содржини.

Оваа година носечката идеја е НАСТРАНО.ПОЛИТИЧКО,

како фигуративен статус на „настраноста“ во рамки на

доминантните културно, политички простори. Која е

пораката што сакате да ја испратите оваа година?

На прво место сакаме да ги преиспитаме главните политички

категории што, како што нè учеа феминистичките филозофи,

се устроени согласно прерогативите на маскулинизмот и

потребите на хетеронормативната желба и животни форми.

Од друга страна, сакаме да ги промовираме формите на

соживот, интимност, социјализација и културни практики

што произлегуваат од заедниците и супкултурите на

сексуалните и родовите малцинства и токму од нив самите да

понудиме имагинација за алтернативни и утописки можности

за бидувањето заедно, интимност и политички и социјален

живот. Конечно, сакаме да го зграпчиме „фигуративниот

статус на настраноста“ во општеството, односно

понижувачките претстави на привилегираните и оние што

се прокламираат за „нормални“, да ги трансформираме и да

ги превреднуваме во извор за демократска трансформација.

Односно, „настраноста“, онака како што е замислена со страв

во ограничениот и насилен ум на хетеронормативноста, како

радикално различното и чудното, како формите на живот

што „мораат да се отфрлат за доброто на нацијата“, како

пркос кон сите легитимни и човечки признаени идентитетски

рамки, како ексцесивност во однос на сите калапи на

нормализација, како сопка за репродукција на „стариот

добар“ и банално зол живот е токму она што е нужно, што

е неопходно, што е услов за демократското политичко

живеење и етичкиот живот. За да биде демократијата можна,

воопшто, политиката мора да биде настрана!

И годинава имате организирано навистина интересна и

квалитетна содржина. Може ли да ни кажете што точно ќе

се случува?

Без скромност, можеме да кажеме дека годинава имаме

исклучителна програма, со уметници од светски ранк и имиња

што оставија свој белег во историјата на уметноста, како и

уметници кои се водечки во моментов во културната квирпродукција

во светот и во регионот. Фестивалот го отвораме

со ретроспективна изложба на антологискиот фотограф Дел

Лагреј Волкено, насловена како „Корпус квир: тела на отпор“.

Следува концерт на еден од најзначајните перформансуметници

на денешницата, Иво Димчев, чиишто концерти

во последниве години ги полнат театрите на сите светски

метрополи и ја доведува публиката до солзи и екстаза. На

наше огромно задоволство, со претставата „Дијамант“ ќе ѝ

го претставиме на македонската публика Дејвид Хојл, едно

од најзначајните имиња на авангардниот и кабаретски

театар, со специјално гостување на театарската дреггрупа

од Лондон, The Lipsinkers. Фестивалот го затвораме

со перформанс на родово небинарниот трансуметник во

Европа, Травис Алабаназа, чиишто емотивниt изведби се

бележат како „иднината на квир-перформансот“ и диџеј-сет

на трансуметницата и музичарка од Белград, Соња Сајзор,

во придружба на три белградски дрег-кралици, кои ќе ни

приредат, сигурен сум, незаборавно дрег-шоу.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!