27.08.2018 Views

Portret Magazine No 31

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Неколку години пред бракот со Леонард, Вирџинија

почнала со пишување на својот прв роман со оригинален

наслов „Мелимброзија“, што по девет години и многубројни

измени излегува во 1915 година под насловот „Крајот на

патувањето“. Таа во делото експериментира со неколку

книжевни алатки, како необични, нелинеарни наративни

перспективи, околности и состојби како на сон и спонтаност

при пишувањето. Две години подоцна, Вирџинија и Леонард

купуваат машина за печатење и ја

основаат „Хогарт прес“, нивната

издавачка куќа, управувана од нивниот

дом од која ќе излезат многу нивни

изданија, како и дела од Зигмунд Фројд,

Кетрин Менсфилд и Т. С. Елиот.

Една година по крајот на Првата светска

војна, Вирџинија го издава романот

„Ноќ и ден“ (1919), временски сместен

во ерата на едвардијанската Англија.

Третиот роман „Собата на Јакоб“ (1922)

е инспириран од брат ѝ Тоби, во кој

по првпат внела модерни елементи

при пишувањето. Истата година се

запознава со авторката, поетесата и

градинарка на дворови, Вита Саквил-

Вест, сопруга на англискиот дипломат

Харолд Николсон. Вирџинија и Вита

почнуваат да се гледаат како пријателки

што подоцна се развива во романтична

врска. Иако по некое време ќе ја

прекинат врската, двете остануваат

пријателки сѐ до смртта на Вирџинија.

Во 1925 година, Вулф добива позитивни

критики за „Г-ѓа Даловеј“, нејзиниот

четврти роман. Фасцинантната

приказна се преплеткува со внатрешни

монолози што поттикнале разни дилеми

и прашања на теми како феминизам,

ментални болести и хомосексуалност

во поствоена Англија. Романот доби

своја филмска адаптација во 1997

година со актерката Ванеса Редгрејв

во главната улога, што подоцна ќе биде

инспирација за романот „Часовите“ на

писателот Мајкл Канингем, што, пак,

беше отелотворен во филм во 2002

година во кој Никол Кидман маестрално

ја отслика Вулф за што беше наградена

сo „Оскар“. Романот „Кон светилникот“

(1927) бил еднакво успешен поради

модернистичкото истражување и

нурнување во релациите меѓу луѓето преку животите на

членовите од семејството Ремзи додека го поминуваат

одморот на островот Скај во Шкотска.

Саквил-Вест е музата-инспирација за романот „Орландо“ во

кој Вулф го конципира дејството околу англиски благородник

кој мистериозно станува жена на триесетгодишна возраст

и живее преку три века. Овој роман е нејзиното ремекдело

за кое Вулф доби пофалби од критиката и достигна

нови нивоа на популарност. Во 1929 година, Вирџинија го

издава „Сопствена соба“, феминистички есеј базиран на

предавањата што ги одржувала пред жени на колеџ, во кои

се задржувала на женските ролји во литературата. Во есејот

„ВИСТИНА Е ДЕКА ЧЕСТО

МИ СЕ ДОПАЃААТ ЖЕНИ.

МИ СЕ ДОПАЃА НИВНАТА

НЕКОНВЕНЦИОНАЛНОСТ.

МИ СЕ ДОПАЃА НИВНАТА

КОМПЛЕТНОСТ. МИ

СЕ ДОПАЃА НИВНАТА

АНОНИМНОСТ“

таа ја искажува идејата дека „За една жена да може да

пишува фикција таа мора да има пари и своја просторија“.

Во нејзиното следно дело „Бранови“ (1931) таа ги турка

книжевните граници, создавајќи драма-поема напишана за

изведба на шест различни лика. Во 1937 година го издава

последниот роман пред нејзината смрт „Години“, за една

семејна историја разгледана низ генерациите, а следната

година го издава есејот „Три гвинеи“, што е своевидно

продолжување на феминистичките

теми од „Сопствена соба“, адресиран

против фашизмот и војната.

Во текот на својата кариера, Вулф

честопати држела предавања на

колеџи и универзитети, имала

драматични преписки, пишувала

моќни есеи и издала куси приказни.

Кон средината на четириесеттите

години од нејзиниот живот веќе била

докажана како интелектуалка во

општеството, иновативна и влијателна

писателка која го пробивала патот

на феминизмот. Дотогаш невидените

книжевни способности ѝ донеле

успех кај критичарите, колегите и

публиката, но и покрај успесите во

кариерата, таа постојано патела

од долгата и исцрпувачка борба со

депресијата и драматичните промени

на расположението.

Сопругот на Вирџинија, Леонард,

кој секогаш бил покрај неа, бил

свесен за знаците што укажувале на

сѐ подлабоката депресија во која

запаѓала. Тоа било забележливо

особено додека таа работела на

последниот манускрипт „Помеѓу

чиновите“, што е објавен постхумно, во

1941 година. Во тој период во Европа

беснеела Втората светска војна, па

двајцата сопружници се договориле

дека ќе извршат самоубиство во исто

време доколку Германија ја нападне

Англија, особено стравувајќи поради

фактот што Леонард бил Евреин.

Во 1940 година нивниот лондонски

дом бил уништен кога Германците го

бомбардирале градот.

Не можејќи да се справи со

разочарувањата и константната

безнадежност, на 28 март 1941 година,

Вирџинија го облекла својот капут, ги наполнила џебовите

со камења и влегла во реката Уз, дозволувајќи да ја однесе

водената струја. Властите го нашле нејзиното тело по три

недели, а нејзините останки се кремирани и растурени на

нивниот имот Манкс хаус, во селото Родмел, југоисточно од

источен Сасекс, Англија.

Иако нејзината популарност спласнала по Втората светска

војна, нејзиното дело доживеа ново откривање и слава со

новите генерации читатели за време на феминистичкото

движење во седумдесеттите години на 20 век. Сепак, Вулф до

ден-денес останува втемелена како една од највлијателните

автори на минатиот век.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!