You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
Најлесно се изразувам кога... творам.

Светски изложбен простор кој ме воодушевува е...

Pompidou во Париз и во Мец. Art Basel, Walker Art Center

во Минеаполис се временски пред сите концептуално во

современата уметност, додека со своите колекции што имаат

да ги понудат дефинитивно е SFMoMA во Сан Франциско,

каде што сум ја имал честа да ги уживам феноменалните

изложби и ретроспективни изложби изминатите 13 години.

Фасцинантни се начинот на кој функционираат и буџетот

со кој располагаат, музејот е обновен со нови изложбени

простории, а најсовремено е тоа што самата зграда е

уметничко дело сама по себе, новиот дел на надворешниот

дел на зградата е 3D printed. Лудило.

Мојата фасцинација од оганот почна... откако знам за

себе, сум фасциниран од огнот. Професионално и активно

почнав да го користам огнот во мојата работа во 2006, со

12 години напорна работа научив многу од самиот процес

кој се трансформира во најразлични дела, перформанси,

инсталации, скулптури.

Елемент што најмногу ме инспирира... Секој елемент ме

инспирира на свој начин и со своето симболично значење

што секој елемент го носи со себе.

Перформанс на кој најдолго сум работел...

„2 Димензионален“ (2009-2014) кој го имам направено 8 пати

околу светот во престижни музеи, меѓу кои ‘Modern Wing- Art

institute’ во Чикаго каде што првпат го правев перформансот

„2 Димензионален“, во кој на некој начин бев мост помеѓу

стариот и новиот дел на Музејот дизајниран од Ренцо Пјано

за отворањето на Modern Wing во 2009, во овој перформанс

публиката станува перформер.

Преубаво искуство и третман како уметник добив во Onassis

Cultural Centre во Атина.

Исто така ‘Continuum’ перформансот во DFBRL8R

Performance Art Gallery во Чикаго 2017 беше со времетраење

од 10 дена, по 10 часа секој ден.

Уметничко дело кое ми оставило најсилен впечаток е...

тешко да одвојам едно дело покрај толку монументални

дела. Дефинитивно инсталациите на Jenny Holzer, Christian

Boltanski, James Turrell, Maurizio Cattelan, Olafur Eliasson.

Град во кој се чувствувам најспокојно е... Кавадарци, поточно

Моклиште каде што творам и живеам кога сум во Македонија,

исто така и во Мендосино, Северна Калифорнија. Поголемите

градови не даваат мир, туку напротив, си носат свој хаос.

За успешно да ја владееш техниката „fire reflection“,

најважно е... да имаш огромна концентрација, да го разбираш

оганот и да научиш да го владееш, да бидеш упорен и да не

се откажуваш. За да ја откријам мојата техника ‘fire reflection’

ми беа потребни повеќе од 6 години интензивна работа и

уште 6 години усовршување, оганот е прекрасен елемент кој

временски не дава место за грешки, туку мора да се биде

свесен за неговата моќ и времетраење. Исто така, многу е

важно да се биде информиран за материјалите на кои се

гори и нивната архивност.

Најмоќната трансформација низ која сум поминал е... Монт

Еверест дефинитивно беше клучно место каде што научив

за медитацијата и е чувство на свесност што секој ден го

практикувам.

Импактот што го остварувам со публиката за време на

перформансот... е енергетски дијалог каде што публиката

е дел од самиот перформанс. Перформансот е најдиректна

форма на изразување каде што најважни се идејата и

енергијата создадена за време на перформансот. Тоа е

нешто што фотографијата и видеото не можат да го доловат,

туку присутноста во моментот на реализација.

Во зависност од перформансот, се подготвувам психички и

физички за да го реализирам најдобро што можам.

Најтешко ми е да творам кога... немам време да се посветам,

а морам да донесам некои важни одлуки и се занимавам со

елиминирање.

Кога би можел да

сменам некој дел од

мојата кариера, тоа би

било... веќе го менувам, а

тоа е и официјално легално

разрешување на токсични

соработки со неискрени и

непрофесионални луѓе кои ги

има многу во овој уметнички

свет и бизнис, вклучувајќи

галерии, музеи и организации

кои не би сакал да ги именувам,

но би сакал да им препорачам

на сите уметници, без разлика

на каков вид творештво

работат, да се заштитат, да си

ги знаат своите права и да си го

ценат својот труд.

Во моментов работам на... организирање на моите колекции

низ светот, формирам свој Artist in Residence program со

соработка со светски уметници и куратори веќе потврдени

за 2019. Исто така во 2019 ќе учествувам со свое дело на

изложбата на 100-годишнината од Bauhaus: An Enduring

Legacy за отворањето на новиот музеј Ruth’s Table посветен

на Ruth Аsawa во Сан Франциско.