27.08.2018 Views

Portret Magazine No 31

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

име „Гала-Салвадор Дали“: „токму од твојата крв, Гала, ги создавам моите

слики“. Нивниот брак станува свеж извор на инспирација за неговите

дела. Таа е чест модел во неговите слики, неретко во религиозни улоги,

како во компромитирачкото дело „Мадона од Порт Лигат“. Не само негова

сопруга туку станува и негов агент и застапник на неговите права пред

сопствениците на галериите и купувачите. Агресивно се посветува на

неговата промоција како уметник, злите јазици велат дека дури користела

тарот карти за да манипулира со неговата кариера. Следуваат најплодните

години за творештвото на Дали, кој станува сѐ позрел уметник. Наскоро ја

добива наклонетоста на Едвард Џејмс, британски мултимилионер и мецена,

кој ги помагал славните надреалисти.

Со неговата сопруга стануваат поим за модерна и влијателна двојка.

Најубавите заеднички години поминати помеѓу Париз, Њујорк, Калифорнија

и Шпанија ќе бидат крунисани со венчавка во катедралата во Хирона во 1958

година, чин што религиозниот Дали долго го очекувал, но бил возможен само

по смртта на првиот сопруг на Гала. Всушност, парадоксално се работи за

почетокот на крајот. Нивната нераскинлива врска почнува да попушта, а

остатокот од животот ќе го поминат обидувајќи се да ги склопат парчињата

за повторно да ја оживеат страста. Особено Дали. Судирот помеѓу нејзината

изразена сексуалност и неговата импотентност ќе внесе многу ликови

во нивниот живот, млади уметници, љубовници на Гала, кои, иако не се

оспорувани од Дали, сепак ќе ја нарушат рамнотежата на нивната заедница.

Во 1968 година Дали ѝ го подарува на својата муза замокот во Пубол, иако

таму ќе може да ѝ се придружи само со дозвола. Најчести гости се нејзините

љубовници, кои, не можејќи да ги воодушеви со својата избледена убавина,

ги маѓепсува со богатството на нејзиниот сопруг, опсипувајќи ги со скапи

подароци, слики, уметнички дела. И Дали сака да се појавува во јавноста

со убави жени, но не наоѓајќи никакво задоволство во нивното присуство,

ваквата игра го изморува и го фрла во депресија. Состојбата на Дали ќе се

влоши кога на почетокот на осумдесеттите е принуден да се пензионира

поради парализата што му ги ограничува моторните способности, па дури

и држењето на четката. Очајот го прави помалку толерантен кон Гала и

нејзините вонбрачни афери, потребата од нејзината љубов и мајчинска

заштита на моменти преминува во насилство. Но, крајот на Гала стигнува

побрзо од очекуваното, во 1982 година таа потклекнува на борбата со

тежок грип. Нејзината смрт ќе ја однесе и надежта и смислата на животот на

Дали, кој ќе ја надживее за седум години, но години полни очај, гладување,

себеизмачување и патење по изгубената љубов.

Салвадор Дали ја љубел Гала со целото свое битие. Бил нејзин пријател,

партнер и слуга, а таа негова муза, соучесник и извор на креативна енергија.

Хемијата што настанала при нивната прва фатална средба ја одреди целата

судбина и творештвото на овој човек и гениј.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!