27.08.2018 Views

Portret Magazine No 31

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

ВИРЏИНИЈА ВУЛФ

НЕПРЕКИНАТ ТАНЦ ПОМЕЃУ БРИЛИЈАНТНОСТА И ДЕПРЕСИЈАТА

Вирџинија Вулф е една од најзначајните англиски писателки, критичарки, есеистки, феминистки и интелектуалки на дваесеттиот

век. Како писателка спаѓа во модернистите, а некои од нејзините позначајни дела се романите „Г-ѓа Даловеј“, „Кон светилникот“,

„Орландо“, како и есејот „Сопствена соба“.

Родена на 25 јануари 1882 година, Аделина Вирџинија

Стивен пораснала во значајно семејство. Нејзиниот

татко сер Лесли Стивен бил историчар и автор, а

нејзината мајка Јулија Принсеп Стивен, која била родена

во Индија, била модел за уметниците од Прерафаелитското

братство, филантроп и медицинска сестра, професија за

која напишала и книга. И двајцата биле венчани и вдовци

пред заедничкиот брак. Па, така, Вирџинија имала тројца

крвни роднини – браќата Тоби и Адријан и сестрата

Ванеса, како и двајца полубраќа – Џорџ и Џералд и две

полусестри – Лаура и Стела. Осумте деца живееле под ист

покрив во областа Кенсингтон, западен Лондон. Двајца

од нејзините браќа се школувале на Кембриџ, додека, пак,

девојките биле образовани во домашна атмосфера, каде

што им биле достапни многубројни дела од богатата семејна

Викторијанска библиотека.

Од раѓањето, па сѐ до 1895 година, Вирџинија ги минувала

летата во Сент Ајвс, крајбрежно гратче на југоисточниот

дел од Англија. Семејната куќа имала поглед на заливот

Портминстер и на светилникот Гадреви, што ја инспирирале

при пишувањето. Во нејзините доцни мемоари, Вулф се

навраќа на Сент Ајвс со наклонетост и љубов, а токму ова

место е живо опишано во нејзиниот модернистички роман,

„Кон светилникот“ (1927).

Како девојче, Вирџинија била мошне љубопитна, весела

и игрива. Уште од најрана возраст почнала да пишува

семеен весник, „Хајд Парк Гејт њуз“ во кој ги документирала

фамилијарните анегдоти. Сепак, раните трауми ѝ го зацрниле

детството, почнувајќи од сексуалните злоупотреби што врз

неа ги вршеле двајцата полубраќа Џорџ и Џералд (за што

пишувала во автобиографските есеи „Скица од минатото“

и „22 Хајд Парк Гејт“), преку ненадејната смрт од ревматска

треска на нејзината мајка (1895), што ја доведува Вирџинија

до првиот нервен слом на тринаесет години, па сѐ до смртта

на полусестрата Стела само две години подоцна.

Покрај справувањето со семејните загуби, Вирџинија

ги продолжила своите студии по германски, грчки и

латински јазик на Кралскиот колеџ во Лондон. За време

на четиригодишните студии таа се запознала со неколку

значајни феминистки и со нивните образовни реформи и

идеологии.

Во 1904 година и татко ѝ умира од рак што доведува до уште

еден емоционален немир кај Вирџинија по што е сместена

во ментална установа на кус период. Нејзината интимна

осаменост и опустошеност ќе се преплетува со книжевното

творење и изразување низ целиот нејзин живот.

Во 1905 година таа почнува и професионално да пишува

како соработник во „Тајмс литерари суплемент“. Веќе

следната година од тифус починува и нејзиниот брат Тоби.

По смртта на татко им, братот и сестрата на Вирџинија,

Ванеса и Адријан, ја продале куќата во Хајд Парк Гејт и се

преселиле во областа Блумсбери во Лондон. За време на

овој период, Вирџинија се запознала со неколку членови

од групата Блумсбери, друштво сочинето од интелектуалци

и уметници кои преку претстави, игри и слично изразувале

општествена критика и ги изнесувале своите модерни

ставови кон феминизмот, пацифизмот и сексуалноста. Токму

по една ваква претстава во која глумела и Вирџинија, се

продлабочува пријателството меѓу неа и еден од членовите,

Леонард Вулф, со кого стапува во брак на десетти август

1912 година. Вирџинија и Леонард развиваат страсна љубов

еден кон друг што ќе трае до крајот на нивните животи.

76

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!