27.08.2018 Views

Portret Magazine No 31

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

За жал, ЛГБТ-заедницата сè уште е мета на постојани

напади и секојдневно се загрозуваат човековите права на

сите членови. Што сметате дека е најважно да се промени

во нашето општество за секој член да се чувствува сигурно

и слободно?

Јавни и бескомпромисни заложби на сите политички

актери за заштита и промоција на правата на ЛГБТ-луѓето,

сензитивизација и проактивен пристап на медиумите,

ослободување на образованието од хомофобичните и родово

стереотипни содржини, остро одвојување на влијанието на

религиозните актери од политичкиот живот и поинтензивна

културна продукција со родово и сексуално еманципаторски

примеси. Социјалната правда и борбата против економската

експлоатација и искоренувањето на класната нееднаквост

се исто така нужен услов за искоренување на хомофобијата

и патријархатот. Конечно, поголема солидарност и емпатија

од сите општествени слоеви и групи, затоа што, без разлика

на сè: „We are queer, we are here, deal with it!“

БИЉАНА ТАНУРОВСКА ЌУЛАВКОВСКИ,

програмска уредничка на „Кино Kултура“

Биљана, вие сте истакната културна

работничка и силна поборничка за

независната културна сцена во нашата

земја. Каква е улогата на културните

центри и зошто е важно тие да даваат

помош и поддршка на ЛГБТ-заедницата?

Културните центри имаат примарна улога да бидат места за

вклучување на различните заедници, односно простори каде

што се премостуваат анимозитетите, каде што се говори

отворено, каде што се слуша гласот на другиот, каде што

се омоќуваат оние што се обезмоќени или оние чијшто глас

нема продор пошироко во општеството. Тие треба да бидат

социјални генератори на културни и уметнички изразности

што вклучуваат различни теми од заедниците. ЛГБТ е една

од тие заедници, која, за жал, сè уште е маргинализирана кај

нас и чиишто теми и проблеми, сметам, се блиски или сродни

со другите заедници, на пример жените, возрасните групи и

други заедници од „маргините“. Лицата од оваа заедница се

мои колеги, пријатели и се автори кои со своето творештво

го исцртуваат современиот културен јавен простор, кој

е отворен, слободен, свесен, инклузивен, нов, разнолик,

односно кој е дел од пошироките нови културни современи

светски простори.

„Кино Култура“ ќе ги отвори своите врати и неколкумина

раскажувачки од јавната сцена ќе зборат за настани

во кои биле посрамени поради својата општествена

ненормативност. Може ли културата и слободата што ја

носи, да помогне да се подигне свеста и луѓето да станат

отворени и толерантни кон идентитетските рамки?

Опасноста е што културата се користеше кај нас

за инструментализација на граѓаните, наместо за

редефинирање на нашата граѓанска свест. Мислам дека

сега е тоа време кога можеме да ја зајакнеме улогата на

културата, односно да стане централен дел од јавната сфера.

Јавната сфера и јавниот простор преку културата можат да

градат нови простори на слобода и на ослободување, каде

што прифаќањето на разликите во заедницата ќе јакне и ќе

стане една од најважните вредности на градење на идниот

општествено-релевантен свет. Секако, ова без политичка

волја и континуирана поддршка не е можно. Но, верувам, или

сакам да верувам, дека поддршките од сите страни допрва

ќе доаѓаат и верувањата во цврст, еден и непроменлив

идентитет ќе бидат минато.

ИГОР ДЕЛОВ, графички дизајнер

Игор, вие сте автор на креативниот

дел на „Skopje Pride Weekеnd 2018“

и веќе имавме можност да го видиме

дизајнот на постерите. Од што бевте

инспирирани оваа година и која е

пораката што ја праќате преку вашата работа?

Ми претставува огромно задоволство што имам можност

да работам на проекти со кои директно учествувам во

создавањето на културниот живот во мојот град. Отсекогаш

предизвик ми биле темите поврзани со општествена

одговорност, при што целам да ги инспирирам луѓето

накратко да се прашаат за убедливоста на нивниот став

кон одредена тема. Од друга страна, чест ми е да помагам

на малите и средните бизниси во нашата држава, со

создавањето бренд-идентитети, што се од голема важност

за нивната работа, како и визуелната култура во нашиот

град. Славчо Димитров, со кого соработуваме веќе повеќе

години, секогаш ги поместува границите на нашите

можности, задавајќи комплексни теми и задачи, што на

прв поглед изгледаат како тешки математички равенки

со многу непознати, но кои сепак треба на лесен начин

да се пренесат и да се објаснат кон крајната публика.

И покрај тоа што процесот е долг и тежок, сепак ние со

ваквите проекти растеме како професионалци, заедно со

моите соработнички, Бисера Крцковска и Ема Наумоска.

Во овој случај, инспирирани бевме од ригидноста и од

структуралноста на обрасците за пополнување што можат да

се најдат низ шалтерите на јавната администрација, познати

по нивната темнорозова, евтина хартија. Образецот, што

е симбол за политичкото, наеднаш ги изместува и ги крши

своите граници. На тој начин, ние го доловуваме настраното

во општеството, што, и покрај тоа што е дел од него, е во

постојан конфликт со политичкото, односно ригидното.

Дизајнерите се изразуваат преку, бои, форми и облици.

Дали знаете како би изгледал вашиот дизајн на постер што

би ја опишал моменталната состојба на членовите на ЛГБТзаедницата

во нашата земја?

Како што веќе наспоменав, нашиот пристап на изработка

на постер би го опишал како еден тежок процес, каде

што постерот поминува низ повеќе фази на истражување,

развивање идеи, дигитално и рачно скицирање, изведба,

како и повеќекратно модифицирање и коригирање. Според

тоа, за да можам да дадам скромен одговор на вакво сложено

прашање, би морал да поминам низ делови од истиот

процес за развивање постер. Како и да е, за финалниот

постер би кажал дека тој мора да ги задоволува естетските

и концептуалните критериуми на нашето студио. Накратко,

би рекол дека моменталната состојба воопшто не е црнобела,

туку претставува цел спектар на идеи и ставови, што во

принцип е и главната суштина на таа заедница.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!