РУЖИЦА АНТИЌ АВАНТУРАТА „CHLOE NOMADE“, ЌЕ ЈА ПАМЕТАМ ЦЕЛ ЖИВОТ 23.03.2018 Денов ми почна совршено, со најсреќна вест која ја добив во форма на меил, од нашите долгогодишни клиенти „Еликсир“, кои сакаат јас да одам на регионален настан, промоција на парфемот„Chloe <strong>No</strong>made“ што ќе се одржува во мај во Израел. Два пати го прочитав меилот, и веднаш ми се направи адреналин, иако имам скоро два месеци до тргнување. Размислувам што знам за брендот „Chloe“ и дали се вклопувам во овој светски комплимент „Chloe girl“. Минатото лето во Берлин си се почастив со една „Chloe Drew“ ташничка, долги години го користев нивниот „Eue De Parfum“, имам користено и „Love story“, но сѐ уште ме мачи дали ќе одоговорам соодветно на оваа голема чест. Ја гледам кампањата за парфемот, парфем за жени кои без размислување тргнуваат во нови авантури, секогаш спремни да патуваат, и на тие патувања повторно да се откриваат самите себеси. Сега ми олесна, па јас сум цел живот „<strong>No</strong>made“ девојка. Со секоја преселба во нов град, поради кариерата на мојот сопруг, си давав шанса да се надевам дека ќе почнам како нова жена. И дека сите мои лоши навики, нема да ги преселам со мене. Ми олесна, едвај чекам да дојде мај, и да бидам дел од овој светски настан. 23.05.2018 Стигнав на аеродром скоро два часа пред летот, во постојана паника да не задоцнам. Дојде денот што го чекав два месеци, и поткована со пустински стајлинзи, секакви технолошки гаџети, сѐ што најдов „Chloe“ дома, тргнувам за Израел. И иако сум била на два светски настани, немам никаква претстава како ќе изгледа и тоа ме прави многу среќна и возбудена. Имам и закажано интервју со Quentin Bisch, кој го создал овој егзотичен парфем, и прочитав толку детали за неговиот живот, што мислам дека го познавам одамна. Прва станица Истанбул, втора станица Тел Авив. Уште на аеродром се почуствував како вистинска дива, кога ме чекаше шофер, и кога ме зема заедно со главната ѕвезда на вечерта Mr. Bisch лично. Морам да кажам дека тој ми ја повтори мојата теза, дека во светот луѓето колку стануваат поуспешни, толку се однесуваат поубаво. Еден час до хотелот се интересираше за Македонија, за „Портрет“, за мојата работа. Трпеливо до детал ми објаснуваше како изгледа целиот процес на работа на создавање на парфем, иако го прашував и глупости, како на пример, дали се плаши за својот живот кога работи постојано на тајни формули за нови парфеми (морам да престанам да гледам Discovery ID). Вечерва беше резервирана за настанот овде во хотелот во кој сум сместена, кој дефинитивно е најубавиот хотел што сум го видела во животот, „Setai Hotel“. На настанот имав можност да се запознаам со останатите „Chloe girls“, кои беа блогерки, уреднички на принт и дигитал магазини, актерки и сл. Две работи научив вечерва, прво дека професијата блогерка, е многу потценета, и дека во светските брендови работат генијалци. Сите блогерки што личат дека само шетаат и сликаат кафиња и ташнички, вложуваат огромен труд. Па тоа било цела продукција, асистенти, монтажа, барање локации, барање кадар и сл. Секоја од нив се трудеше да најде што е можно пооргинален начин да се слика со парфемот. Ние новинарите бевме поопуштени и уживавме во целата атмосфера, на терасата од хотелот, која беше цела со прекрасни бели цветови и со поглед на море. Не можам да опишам како мириса парфемот, ако некогаш замислувам идеална верзија oд себеси таа би мирисaла точно вака-дење, ноќе. Вечерва беше совршена: шампањ, прекрасна музика, преубави жени, насекаде мирис на „<strong>No</strong>made“. И да, имав можност да ја запознаам Bar Refaeli, светски топ-модел, најсовршеното суштество што сум го видела одблиску. Легнувам највозбудена, утре тргнуваме во вториот дел oд промоцијата, во пустина. 56
24.05.2018 Се одјавивме од хотелот, кога ни кажаа дека превозот ни пристигнал. Е колку филмска глетка беше тоа, десет огромни црни џипови, со бројка на секој, чекаа наредени во колона. Патувавме три часа до пустината, и имавме можност подобро да се запознаеме со останатите девојки. Јас бев во кола со уредниката на естонскиот магазин „Sade“, и со уредничката на дигиталната верзија на L`Officiel за Балтичките земји, прекрасни девојки и навистина беше супер искуство што имав можност да слушам, што се случува и како изгледа работата во редакциите на светските медиуми. Кога стигнавме во нешто што наликуваше на оаза, со зелена трева и вештачко езеро, веќе целосно мислев дека сум во рајот. Во тој амбиент ги направивме интервјуата со парфумерот, поделени во три групи. Тука ручавме, исто на најфилмска маса целата украсена со цвеќиња и најразлични изараелски специјалитети. Кога мислев дека не може нешто поубаво да изгледа, тргнавме накај вториот хотел во пустина, и тоа беше најинтересното нашто што сум го видела. Цел со пустинска архитехтура, мириси и дизајн, само што седевме и пиевме кафе на терасата со поглед во пустина, се чувствував најпосебно на свет. Никогаш нигде, некое место не ми пружило толкав мир и спокој. Кафето испиено таму, сама на терасата во пустина, мислам дека ќе го памтам цел живот. Вечерва ја завршувам со среќна мисла и надеж дека од Израел си одам со шанса за нов почеток. И да дефинитивно сум „Chloe girl“, зашто секоја од нас е во определен период од животот. 57