Create successful ePaper yourself
Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.
Инспирација

Кога сфатив дека некои работи не можам

и не треба да ги скријам, тоа беше првиот

чекор да си помогнам и тогаш сфатив дека

сум подготвена да побарам помош.

За жал, многу млади, амбициозни и

енергични луѓе парализирани од страв

не успеваат да функционираат и нивното

секојдневие станува вистински пекол.

Какви ситуации најчесто ви ги зголемуваа

стравовите и ви ја влошуваа состојбата?

Така е, за жал. Се дистанцираш од секаков

вид активности, откажуваш дружби и

стануваш затворен во себе. Смислуваш

секакви изговори, само за да останеш дома,

од страв дека надвор ќе се случи нешто.

Не можеш во ниеден момент да мислиш и

да се подготвуваш за ниедна секојдневна

обврска, затоа што, што и да помислиш да

правиш, веќе во следната секунда си велиш

– а што ако ми стане лошо таму, и најсигурно

се чувствуваш кога не правиш ништо.

Секојдневно работите што требаше да ги

завршам, се зголемуваа и се трупаа и тоа ми

правеше дополнителен притисок. Помислата

дека сум целосно непродуктивна правеше

да се чувствувам многу лошо. Имаше

моменти кога требаше да бидам во контакт

со луѓе кои не ми се блиски и немав реално

објаснување зошто не можам да дојдам.

Анксиозноста, паничните напади и

депресијата најчесто се круг во кој личноста

запаѓа од една состојба во друга. Денес,

кога размислувате за најтешките моменти

што ги поминавте, во која состојба се

чувствувате најлошо?

Дефинитивно најтешко ми беше кога ми се

случија првите напади и кога немав точно

претстава што ми се случува. Чувствата што

ви поминуваат низ главата се многу силни

и реалистични и вие навистина сте убеден

дека ќе умрете и дека нема шанси да ви

стане подобро. Откако побарав помош

исто така ми требаше многу време за да

почнам да ги практикувам советите што ги

добивав. Имав милион прашања и секогаш

кога мислев дека сум совладала некоја

состојба, пак ќе се појавеше нешто ново,

што ќе почнеше да ме загрижува и повторно

да ми предизвикува немир. Сепак, со текот

на времето станав целосно свесна за тоа

што ми се случува, научив да ги контролирам

мислите, пробувам да се придржувам до

советите, да ги применувам техниките на

дишење и, конечно, се случија позитивните

промени.

Голем дел од модниот свет е јавна работа

изложена на критиките на голем број луѓе.

Како денес се справувате со работи што ви

прават притисок и стрес?

Самодовербата е најважна. Доколку ја

имате, критиките нема да ги сфаќате

трагично, особено негативните, бидејќи

секогаш ќе ги има. Пробувам да се

фокусирам само на убавите аспекти

на мојата професија, да не си правам

дополнителен притисок и, генерално, додека

фотографирам или снимам се чувствувам

опуштено и релаксирано. Најчесто,

советите се да избегнуваш стресни работи

и моменти, но сите знаеме дека стресот е

секојдневие, па затоа многу е поважно да

научиш да се носиш со таквите ситуации и

со емоциите што тие ги предизвикуваат кај

тебе. Со физичка активност најдобро се

исфрла напнатоста и негативната енергија.

Слушање музика е исто така добро решение,

проследено со вежби за правилно дишење.

Мартина, многу млада имате развиена свест

од колкава важност е транспарентно да се

зборува за вакви проблеми. Што сметате

дека е најважно да знаат луѓето што имаат

слични проблеми, во која било фаза?

Бидете трпеливи! Анксиозноста, освен

што е исцрпувачка и страшна, таа ни ги

отвора очите. Нè тера да се спознаеме, да

размислуваме за себе, за работите што нè

исполнуваат вистински. Таа е аларм што

ни кажува дека нешто не правиме како што

треба, дека е време за промена. Следете

ги вашите соништа и таа ќе исчезне. Inhale,

exhale...

35