27.08.2018 Views

Portret Magazine No 31

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ПОМЕЃУ СТРАСТ И ЛУДИЛО

ПОРТРЕТ НА ЉУБОВТА НА ГАЛА И САЛВАДОР ДАЛИ

Пишува: Џејлан Рустемоска

Салвадор Дали ја среќава неговата Гала – неговата муза,

љубов и опсесија (според многумина дури и пропаст)

во далечната 1929 година. Нејзиното име е Елена

Ивановна Дјаконова, Русинка по потекло, Французинка по

душа. Кога ја запознава, таа е омажена за францускиот поет

Пол Елијар, кого го сретнала во институт во Швајцарија, каде

што се лекувала од туберкулоза кога имала само 18 години.

Ги сплотила љубовта кон книжевноста и културата, а по

завршувањето на Првата светска војна се венчале и добиле

ќерка, Сесил. Немирната и неконвенционална природа на

Гала, нејзиниот цврст карактер и скриен шарм паралелно

се инспирација за уште еден сликар, Макс Ернст, нејзиниот

љубовник и третиот елемент од брачната заедница со поетот

Елијар. Нејзиниот сопруг е немоќен пред каприците на

сопругата и ја одобрува нивната авантура, само за да не го

напушти. Тој ја внесува Гала во круговите на надреалистите

во Париз, каде што ќе се најде и Дали, кој при првата

средба со Елијар го промовира краткиот надреалистички

филм „Андалузиски пес“, ремек-делото на кое работел со

режисерот Луис Буњуел. Воодушевен од енергијата што

младите интелектуалци во Париз успеваат да му ја пренесат,

Дали ги поканува да го поминат летниот одмор во Кадакес,

во неговата родна Шпанија. Токму таму првпат ќе ја сретне

Гала, средба што засекогаш ќе го смени текот на неговиот

живот. Од прв поглед е убеден дека и порано ја среќавал

во своите соништа и дека е предодредена од судбината да

биде неговата Градива, неговата водилка, неговата победа

и жената која ќе го излекува од секоја слабост. Таа ги

исполнува неговите канони за совршено елегантна жена.

Иако не е класична убавица, Гала изгледа необично млада

за нејзината возраст, има негувана кожа, грациозно држење,

мали гради и тенок струк. Но, не е изгледот, туку некоја

фатална моќ што го прилепува за неа и го тера да заборави

дека има сопруг и ќерка и е 11 години постара од него. Ја

сака за себе.

Гала со нејзината ѓаволска интуиција успева да го препознае

талентот во Дали и подготвена е да направи сѐ за да го

претвори во познат уметник. Како да поседува магнет за

прекумерно чувствителни и невротични мажи, кои се во

потрага по безбедно прибежиште и го наоѓаат токму во

нејзиното присуство. Толку талентирани, а толку кревки

што кон неа развиваат зависност, опсесија, обожавање,

преданост. Врската со Дали станува нераскинлива. Таа

набрзо ги напушта нејзиниот сопруг и ќерката и ја почнува

авантурата што ќе трае сѐ до последните денови од нивните

животи. Гала се преселува во центарот на емотивниот,

духовен и креативен универзум на големиот Дали.

Се венчаат со граѓанска церемонија во 1934 година, брак

на кој се противи таткото на Дали, сметајќи дека постарата

Русинка со неуспешен брак зад себе не е достојна невеста

за неговиот син. Но, во светот на Гала и Салвадор нема

место за мислењето на другите. Тие стануваат едно, дотаму

што Дали почнува да ги потпишува сликите и со нејзиното

74

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!