27.08.2018 Views

Portret Magazine No 31

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Инспирација

Мартина, најнапред сакам да ви се

заблагодарам што се согласивте отворено

да зборувате за вашата борба со

анксиозноста, депресијата и паничните

напади. Имавте ли пред вашето искуство

некакви предзнаења за ваквите психолошки

состојби?

Искрено, ми требаше малку време за да се

одлучам на ваков чекор и да проговорам

јавно за состојбата во која се наоѓам. Иако

ова е еден вид на „разголување на душата“

и моја приватност, не чувствувам срам и

непријатност да ја споделам мојата „борба“,

онаа што ја води секој можеби петти

човек, бидејќи знаеме дека анксиозноста

претставува проблем на современиот човек.

Би ми било мило ако барем на еден ваш

читател му помогнам да види дека не е сам

и дека анксиозноста и паничните напади

се резултат на динамиката и зголеменото

темпо на живот, односно се составен дел

од животот, но најважно е отворено да се

зборува за тоа. Јас бев многу мала и немав

апсолутно никакви предзнаења, ниту бев

свесна дека постои такво нешто. Затоа,

на почетокот, кога анксиозноста ми беше

непознато чувство, обраќав внимание само

како на физички симптоми и мислев дека

станува збор за некоја моментална состојба,

како слабокрвност, аритмии, висок притисок

и сл.

На 17-годишна возраст првпат се сретнавте

најнапред со физички симптоми на

анксиозност, за да се соочите потоа и со

панични напади. Можете ли подетално да

ни опишете сè што ви се случуваше во тие

први моменти кога не знаевте што ве мачи?

Периодот на адолесценција изобилува со

бурни психички, емоционални и морални

кризи, па затоа, кога ми се појавија

најпрвин психичките знаци за состојба на

анксиозност, лесно губење на трпението,

тешкотии со концентрација, опсесивност,

не го сфаќав толку сериозно, мислејќи дека

е само краток период. Набргу следуваше и

првиот паничен напад, што многу стресно

го доживеав. Срцето ти чука толку силно

што мислиш дека ќе ти излезе од градите.

Се потиш интензивно, губиш рамнотежа, се

бориш за здив и помислуваш дека ќе умреш.

Сето ова трае од 5 до 30 минути, што ти

изгледаат како вечност. Стравувањето дека

пак ќе добиеш паничен напад е причината

што се појавува повторно. И така влегуваш

во оној „магичен круг“ за кој мислиш дека

нема излез. Од моето искуство, не постои

правило, кога, каде и со кој интензитет ќе

добиеш паничен напад.

Бројот на млади луѓе на кои овој проблем

им е секојдневие постојано се зголемува

и тие не добиваат соодветен третман или

пристап. Каков став имаше вашето семејство

и блиските луѓе што ве опкружуваат?

Имав максимална поддршка и од семејството

и од пријателите. Исто како мене, и тие

беа изненадени од сето тоа што ми се

случува и сакаа да помогнат на секој начин.

Нештата нема да се подобрат со „чекање

да помине“. Најдобрата работа што можете

да ја направите доколку се соочувате со

депресија и анксиозност е барање помош

од стручно лице. Многу знаат да кажат дека

никој не може да ти помогне, освен самиот

ти и дека ти управуваш со својот ум. Јас се

согласувам со сето тоа, меѓутоа кога си во

целиот тој хаос, ти треба некој да те наведе

да размислуваш така, да те фокусира на

твојата флексибилност, надеж и потрага по

смислата на твојот живот.

Дополнителен проблем е што кај нас свеста

за нега на менталното здравје и посета на

психотерапевт е мала. Имавте ли проблем,

ви беше ли тешко да опишете како се

чувствувате кога првпат се сретнавте со

ваквиот вид специјалисти?

На почетокот ми беше чудно и цело време

мислев и дополнително си правев тензија

дека ако некој дознае, ќе мисли дека сум

луда, за да сфатам на крајот дека моето

здравје и мојата среќа се поважни од тоа

што мислат другите. Додека се плашев што

ќе си помислат, каде ќе ми се случи, со кого

ќе бидам, сè повеќе самата си ја влошував

состојбата и не бев фокусирана да го решам

проблемот, туку многу повеќе да го скријам.

34

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!