20.08.2015 Views

НАСТАВА И УЧЕЊЕ НА 21–ОТ ВЕК

Настава и учење на 21-от век - Збирка на материјали за ...

Настава и учење на 21-от век - Збирка на материјали за ...

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Зошто е важно формулирањето на целта?Писменото формулирање на целта е важно од следнитепричини: се зголемува интересот за проектот; се избегнува чувството на расплинување и исплашеностод многуте информации до кои се доаѓа; формулираната цел помага да се формулира тезаподоцна во текот на истражувачкиот процес; формулираната цел заштедува време и труд.Кога и како да се формулира целта? Откако ќе се направи избор на прецизна тема иќе се соберат некои основни податоци, се пишувареченица со која се опишува она што сакате да годознаете. На почетокот формулирањето на целта оди потешко,но до крајот на проектот формулираната целможе да се смени неколку пати. За да се напише формулацијата најнапред одговоретеколку што е можно подобро на следните прашања:- Колку ме интересира темата мене лично?- Што точно сакам да научам за темата? (види3.1.5.)ЧЕКОР 2 - Развивање план на истражувањетоОткако проблемот, прашањето и целта ќе бидат внимателнодефинирани, од учениците барате да изработатплан според кој ќе се одвива истражувањето. Планот наистражувањето треба да ги содржи чекорите што ќе сепреземаат и редоследот по кој ќе се одвиваат.При изработувањето на планот за истражување поттикнетеги учениците да најдат одговори на следнитепрашања: Колку информации се потребни? Колку информации ви се неопходни? Каде се објавени или каде можат да се најдат информациите? Колку време ќе биде потребно за да се заврши истражувањетои да се обезбедат информациите?<strong>И</strong>сто така, учениците треба да одговорат на прашањата:ШТО/КОЈ, КАКО, КОЈ и ЗОШТО: ШТО/КОЈ е најдобриот начин за прибирање на информациите поврзани со прашањето за истражување? КАКО може да ги организираме активностите за даја исполниме целта? КОЈ е одговорен за разните активности? КОГА ќе ја завршиме задачата? (Направете распоредна времето.)ЧЕКОР 3 - Собирање податоци58Примената на планот на истражувањето започнува сособирање податоци. За да ги соберат соодветните информации,треба да ги насочите учениците да користатразни извори (книги, написи, списанија, <strong>И</strong>нтернет) сочија помош ќе дојдат до одговор на прашањето за истражување.Како што учениците ќе доаѓаат до релевантни податоци,важно е да ги поттикнувате да размислуваат далиима потреба да се допрецизираат прашањето и поттемитеза истражување; или пак ќе треба да се вратат наЧекор 1 од истражувачкиот циклус.Како што учениците ќе ги наоѓаат информациите, воизворите на информации што ги имаат на располагање,може да ги поттикнете да размислуваат како даобезбедат и дополнителни корисни информации.ЧЕКОР 4 - Систематизирање и анализирањена податоцитеНа учениците им давате насоки внимателно да ги прегледаатподатоците што ги собрале во Чекор 3 и да направатанализа за да го издвојат она што е важно од онашто е неважно. Потоа учениците ги систематизираатважните податоци кои ќе ги користат при изнаоѓањетона одговорот на прашањето.На учениците може да им ги поставите следните прашања: Дали имате информации што нудат можни одговорина прашањето за истражување? Дали собравте информации што не се корисни? Како може да ги организирате идеите и информациитеза да одговорите на прашањето? Како може да ги претставите информациите на јасени уверлив начин? Дали треба да се соберат уште податоци? (Ако треба,нека се вратат на Чекор 3.) Дали треба да се допрецизира прашањето за истражување?(Ако треба, нека се вратат на Чекор 1.)ЧЕКОР 5 - Синтетизирање на податоцитеВо оваа фаза учениците ги интерпретираат и толкуваатподатоците, формулираат одговор на прашањето, доаѓаатдо сознанија и заклучоци и прават продукт што ќеги прикаже резултатите од нивното истражување.За да бидат учениците успешни во синтетизирањето иформулирањето на заклучоците, може да им ги поставитеследните прашања: Дали има доволно податоци за да се дојде до недвосмислено решение? (Ако нема, учениците се враќаатна Чекор 3.) Дали податоците водат кон јасен одговор на прашањетоза истражување? (Ако не водат, вратете сена Чекор 4.) До какви сознанија водат податоците? Кон какви ставови водат податоците? Какви алатки (табели, дијаграми, графикони, скици,текстови) можат да се употребат за да се соопштатрезултатите?Настава и учење на 21-от век

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!