20.08.2015 Views

НАСТАВА И УЧЕЊЕ НА 21–ОТ ВЕК

Настава и учење на 21-от век - Збирка на материјали за ...

Настава и учење на 21-от век - Збирка на материјали за ...

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

3.7.КОНСТРУКТ<strong>И</strong>В<strong>И</strong>ЗAM3.7.1. Конструктивизмот како теоријаВо минатиот век беа создадени многу теории на учењето.До неодамна, бихевиористичката психологија влијаешеврз образованието во САД до тој степен што имашевлијание врз тоа како се изработуваат учебниците икако наставниците ја планираат и ја реализираат наставата.Поголемиот дел на програмите за националнотестирање ја отсликуваат оваа филозофија. Во понововреме конструктивистичката теорија на учење повторнодоаѓа до израз. Конструктивизмот не е нов; Џон Дјуиго промовираше на преминот од овој век. Жан Пијажеја разви теоријата врз основа на неговиот поглед напсихолошкиот развој на децата, како што тоа го сторијаЏероум Брунер и Виготски со социјалниот конструктивизам.Конструктивизмот е насочен кон детето; тој претпоставувадека средината на учење треба да овозможуваразлични видувања или толкувања на реалноста, конструирањена знаење, богатство на содржини, активностикои се базираат на искуство. Конструктивизмот сефокусира на конструирањето на знаењето, а не на повторувањена знаењето. Станува збор за верување декаличноста го создава своето знаење врз основа на сопственотоискуство, менталните структури и верувањатакои се користат за толкување на објектите и настаните.Умот се користи како инструмент во толкувањата нанастаните, целите и перспективите бидејќи тие се личнии индивидуални. Нашиот поглед на надворешниотсвет се разликува од оној на другите поради нашитесопствени стекнати искуства.„Ние не го опишуваме светот што го гледаме, туку гогледаме светот што може да го опишеме.”Значајна компонента на конструктивистичката терија еобразованието на детето да се фокусира врз автентичнизадачи. Тоа се задачи кои имаат вистинска вредност икорисност во вистинскиот свет или, пак, произлегуваатод реалноста, кои се интегрирани во наставниот плани програма, кои, пак, овозможуваат соодветен степенна учество на ученикот. Според оваа теорија, децата јаучат целината за да запомнат само дел од неа, а не данаправат надградба на знаењето. <strong>И</strong>деите и интереситена децата го движат процесот на учење. Наставницитесе флексибилни, понекогаш тие на учениците им пренесуваатзнаење, но често се во улога на насочувачи.Дваер (1991 година) смета дека овој приод е повеќенасочен кон детето отколку на курикулумот, додекаБагли и Хантер (1992 година) сметаат дека учењето единамичен процес. Тие сметаат дека активното учењеводи кон повисок степен на размислување, и како штознаењето со информации постојано се зголемува, ученицитемора да научат како да имаат пристап до тиеинформации, затоа што денес постојат премногу големброј на информации за паметење.Учењето е внатрешен процес и е под влијание на личносташто учи, на претходното знаење и на целите научењето. Конструктивизмот ја опишува средината вокоја се води грижа за оној што учи каде што знаењетои стекнувањето знаење е интерактивно, индуктивно иколаборативно, каде што се претставени многу перспективии каде што се вреднуваат прашањата. Контекстоте поврзан со знаењето и учењето и се акцентира„автентичната активност”.Настава и учење на 21-от век 77

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!