11.07.2015 Views

Македонски

Македонски

Македонски

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

10Синдикатите во 21. век. Прирачник за дискусија за синдикатите во земјите во транзицијаЗначајноста на овој пристап е во тоа што јасно нагласува дека воовој процес не постојат директни патишта и дека само во него директновклучените актери можат да дојдат до соодветни резултати и дапреземаат одговорност за изнаоѓање најдобри форми за секоја земјаи за секоја фаза од процесот на трансформацијата. Па сепак, дурии кога би се нарекла „водич“, оваа книга не претставува „актуелен“обид да се објаснат фалените „модели“ од различни земји, „најдобрипрактики“ со европска етикета, или на луѓето да им се каже штода прават само заради тоа што тоа нешто веќе е направено на некоедруго место. Книгава не нуди „модели“, туку настојува да упатина „начините“ на креативно размислување, да ги охрабри локалнитеактивисти и синдкатите во секоја земја да развиваат свои сопственисистеми на работни односи и социјален дијалог и да зајакне нивниотпотенцијал – политички, организациски и финансиски, за да се соочатсо историските предизвици на нивното време. Колку овие прашањаи проблеми да изгледаат основни и едноставни, толку можатда изгледаат и тешки кога за нив треба да се најдат соодветни решенијаи кога истите треба да се применат во практиката. Конечно,дури и успехот на најкомплексните идеи ќе зависи од силата на организацијата– од ефикасните и добро финансираните структури насите нивоа, од силното чувство за солидарност и од капацитетите замобилизирање, т.е. од големото и мотивирано членство. На прв погледтехничките прашања, како што е можноста за организирање и успешноставо работата на синдикалната канцеларија, вклучително ифинансиските услови, може да изгледаат понезначајни во споредбасо предизвикот да се даде одговор на политиката на економски реформи,но можат да станат клучен фактор во поглед на развојот илипостапките на барање на организациите.Ова ни го свртува вниманието кон уште една важна предност штоовој водич им ја пружа на корисниците – нејзиниот холистички пристап.Ова е водич, но не и учебник – не е „азбука на синдикатот“ заснованаврз формалното набројување на принципите. И, како штовеќе е споменато, иако оваа книга им пружа солидна основа на знаењана луѓето кои само што им пристапиле на синдикатите, таа ќебиде, исто така, интересна за стручњаците и раководителите. Нетреба да се очекува дека секој ќе има потреба, или ќе сака да спроведува,или ќе спроведува сé она што е напишано – тука нема никаковрецепт за успех. Ефектот повеќе се постигнува со покренување

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!