ÐакедонÑки
ÐакедонÑки
ÐакедонÑки
- No tags were found...
Create successful ePaper yourself
Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.
Синдикатите во 21. век. Прирачник за дискусија за синдикатите во земјите во транзицијаФондација „Фридрих Еберт“ (FES)Фондацијата „Фридрих Еберт“ (FES) е основана во 1925 годинакако политички завет на Фридрих Еберт, првиот демократски избранпретседател на Германија. Социјалдемократот Фридрих Еберт, кој одобичен занаетчија стигнал до највисока државна функција, имајќи гипредвид сопствените искуства во политичките конфронтации, далиницијатива за основање фондација со следниве цели:▪ унапредување на политичкото и општественото образованиена луѓето во сите области на животот во духот на демократијата иплурализмот;▪ стипендирање на младите, талентираните луѓе, за да можат дастудираат и да се занимаваат со истражувачка работа;▪ придонес во меѓународната соработка и разбирање.Фондацијата „Фридрих Еберт“, забранета од нацистите во 1933година и повторно основана во 1947 година, со своите многубројниактивности сé до денес ги следи поставените цели. Како приватна,културна институција од јавен интерес се обврзала дека ќе се раководисо идеите и основните вредности на социјалната демократија.3