Синдикатите во 21. век. Прирачник за дискусија за синдикатите во земјите во транзицијаСекако, за сите посебни модели постојат предиспозициии одредени параметри што се претставени преку европскиотстопански и социјален модел. Оттаму, важни се и корисни искустватаи дискусиите од соседните и другите земји на Европската Унија.Секогаш, меѓутоа, неопходно е принципите на синдикалната работапрактично да се применат согласно условите во сопствената земја,или во сопствениот регион, за да бидат корисни. Ова може да сеспроведе само одвнатре, при што идеите што доаѓаат однадворможат да помогнат само доколку немаат за цел копирање на некојмодел.Следниве страници, секако, не даваат целосен преглед на ситеискуства, мислења и различните сфаќања од различни дискусии.За некого, можеби, некоја од напомените ќе биде корисна. Но,Прирачникот за дискусија би можел да помогне при изработка наподлабоки анализи за водење дискусии и поставување вистинскипрашања: како докажаните принципи на синдикалната работа денесможат да се структурираат и понатаму да се развиваат, така штово секојдневната трансформација позитивно да се одразат на сéпоголемиот број вработени?Прашањата поставени со одредена цел, веројатно нудат најдобриможности за изнаоѓање добри решенија.Франк Хантке16
Синдикатите во 21. век. Прирачник за дискусија за синдикатите во земјите во транзицијаКаква функција синдикатите битребало да имаат?Искуствата на синдикатите од земјите во транзиција на Среднаи Источна Европа, произлегуваат, пред сé, од социјалистичкиот начинна стопанисување, што на синдикатите им ги определи нивнитеспецифични задачи. Во тоа време не беше толку важно синдикатитеавтономно и независно од партиите или политичките групи да гизастапуваат интересите на работниците со вклучување во играта насудир на интересите. Многу поважно беше синдикатите во рамкитена политиката која беше диктирана од горе, особено на ниво напретпријатија, да исполнуваат одредена задача. Организиранитеработници не требаше своите интереси да ги вклучат во политичкатасфера, туку однапред зададените политички интереси да ги преточатво интереси на ниво на претпријатие и со тоа да придонесат за нивнореализирање.„Теренот“ се смениСоодветно на ова, борбата за интересите на гранката со помошна најразлични методи, а особено не за интерес на синдикатите нанационално ниво, не беше дел од синдикалниот репертоар. Освентоа, не постоеја други општествени организации коишто можеа дапретставуваат конкуренција за синдикатите на било кое ниво нанивната активност. Членувањето во синдикат беше вообичаено завработените и, пред сé, имаше каракер на пристап до социјалнатасигурност, отколку карактер на пристап до агилна организација назастапување на интересите и која била подготвена да земе активноучество во натпреварот со различни сили.Соодветно на овие задачи, структурите на синдикатот и непредвидуваа централно концентрирана силна организација, тукутие беа, што зачудува само на прв поглед, значително посилнодецентрализирани, отколку синдикалните структури во западнитеевропски земји. Појдовна точка на синдикалната работа бешесиндикатот во претпријатието, во кој, по правило, се пристапуваше со17