11.07.2015 Views

Македонски

Македонски

Македонски

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Синдикатите во 21. век. Прирачник за дискусија за синдикатите во земјите во транзицијаШто добива членот за неговата членарина?Секако дека користењето на членарината мора да биде многутранспарентно. Намената на секој потрошен лев, динар или евро,мора да биде многу јасна. Ова е неопходно особено во земјите вотранзија во кои повеќето луѓе имаат многу малку доверба во организациитеи нивното управување со парите. За транспарентноста наприбирањето и трошењето на средствата, потребен е централен системна регистрирање на членовите кој може демократски да се контролира.Колку и да звучи бирократски, тука нема никакви други алтернативи.Бидејќи, доколку меѓу поединечните нивоа на кои се прибирачленарината – синдикалните организации во претпријатијата,гранските организации, регионални организации или организацијатана ниво на сојуз – постојат прекини во протокот на информации, немада постои основна доверба во исправната употреба на парите.Кон ова треба да се додаде уште еден значаен аспект. Само централниотсистем на регистрирање дава комплетен преглед за бројотна членовите, нивната структура, а со самото тоа и информации запромените, дефицитите или успесите кои се бележат врз основа наактивностите за грижата за постојното членство и привлекување нанови членови. Ова се важни податоци за развој на синдикалнитестратегии и дефинирање на целите на работа.Наплата на членарината– исконска задача на синдикатотНајголем број синдикати во земјите во транзиција не го промениленачинот на плаќање на членарината кој постоел уште во време насоцијализмот, така што членарината сé уште директно се одбива одстрана на работодавачот од бруто-платата и се уплаќа на сметкатана синдикалната организација во претпријатието. Ова е многу практично,но крие и една голема опасност во себе. Така, веќе се случуваработодавачот да одбие да ја извршува оваа услуга за синдикатите,или да го користи овој систем како „борбено средство“ против синдикатотво случај на судир внатре во претпријатието. Во таков случај,синдикатот во претпријатието најпрво немоќно стои пред настанатиотпроблем, бидејќи веќе нема пристап до членарината.95

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!