11.07.2015 Views

Македонски

Македонски

Македонски

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Синдикатите во 21. век. Прирачник за дискусија за синдикатите во земјите во транзицијаУште поретко овие права се почитуваат во практиката. Кој ги штитивработените и кој им дава можност колективно да се изборат занивните интереси?Најчесто не постојат ниту колективни договори, а и друга регулатива на заштита, така што наемните работници, главно, беззаштита се препуштени на своите работодавачи. За синдикатитеовде се отвораат широки можности за нивна активност. Од еднастрана мора да се бара носење на законска регулатива, а од другастрана би требало да се изнајдат начини како овие вработени дасе мотивираат за членување во синдикат. Ова е важно и порадитоа што преминот меѓу „нормалното вработување и наемнатаработа“ често се одвива во две насоки, а тоа значи дека и многуод досегашните членови заради губење на работата или од сличнипричини, почнуваат подоцна да работат како наемни работници.Овие членови на синдикатот не смеат да бидат изгубени. Притоа,треба да се повикува на позитивните искуства од земјите-членки наЕвропската Унија и да се почитува веќе донесената регулатива наЕвропската Унија.Вработени на определено времеВо најголем број земји, впрочем, постои законска ре гу ла ти ва штоповеќе, или помалку е ориентирана кон ЕУ-директивите. Но, истотака, и тука често законските недоречености или непочитувањетона законите, ги одредуваат работите во практиката. Се договараатдолгорочни „верижни“ договори за работа, без оглед на тоа штопостојат законски ограничувања, често со забелешка: прифати, илиќе вработиме некој друг. Во други случаи се договараат прекини, такашто не е ниту потребно да се дефинираат одредби за „верижните“договори за работа. Честопати, на вработените на определеновреме и во претпријатие во кое постои синдикална организација неим успева да воспостават контакт со него, односно синдикатите „неги забележуваат“. Но, и тука важи принципот дека преминот меѓувидовите работен однос е лабав во двете насоки, па заради тоа имадоволно причини и во лицата што се вработени на определено времеда се гледа како на потенцијални членови на синдикат.28

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!