11.07.2015 Views

Македонски

Македонски

Македонски

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

32Синдикатите во 21. век. Прирачник за дискусија за синдикатите во земјите во транзицијаструктури на големи претпријатија, а сé повеќе сликата на работниотсвет ја одредуваат различни работни места – од работното местодома, до она зад подвижната лента.Работа на црноВо некои земји во транзиција, работата на црно ја сочинува скороедна половина од бруто-општествениот производ. Подобрувањетоне е на повидок во многу сектори. И тука нема само еден виновник.Секако, најпрво напнатата положба на пазарот на трудот е она што гиприсилува многу луѓе на работа на црно, особено ако им припаѓаатна одредени групи. Така, младите луѓе, независно од нивнитеквалификации, често едвај да имаат шанси да воспостават коректниработни односи. Исто така, често и жените се ангажираат за работана црно, посебно во секторот на услужни дејности. Оваа состојбаноси со себе повеќе негативности за луѓето кои работат на црно.Од една страна, тие немаат никаква заштита и никакви можностида се повикаат на некое право во случај на спорови од било кој вид.Понатаму, тие не ги уживаат позитивните страни на социјалнотоосигурување. Ова може да доведе до лични катастрофи при несреќнислучаи при работа во текот на работноактивниот период од животот.Во случај на болест, или во староста, на виделина излегуваат и другинегативни аспекти, бидејќи често не може да бидат обезбедени нитунајниски пензии.За проблемите од работата на црно во националната економијане треба да се зборува, бидејќи тоа е неспорно. Во земјите натранзиција ќе се засили проблемот со тоа што работата на црнообично дополнително постои и во нормалните работни односи, итоа често во согласност со вработените, а само во исклучителномал број на случаи тоа е проследено со протести на синдикатите.Овде се мисли на, таканаречените, плати во плик. Официјално,работодавачот ја исплатува законски утврдената минимална плата,или плата постигната со преговори согласно колективните договори,но дополнителната работа, или повисока квалификација и слично,се надоместува „на црно“, во плик, „под маса“. Некој работникможе во тоа да гледа предност, но тоа е краткорочно, гледанодолгорочно самиот се лишува од доволно социјално осигурување и

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!