11.07.2015 Views

Македонски

Македонски

Македонски

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Синдикатите во 21. век. Прирачник за дискусија за синдикатите во земјите во транзицијатешка положба, зошто тогаш треба да се свртат кон нив во подобритевремиња?Менувањето на работното место и професијатастанува нормална работаСé повеќе вработени за време на нивната професионалнакариера поминуваат низ разни степени на: образование, привременаневработеност, различни форми и односи на вработување и различниработни односи.Се покажа дека синдикатите, имајќи ја предвид нивната структура,многу ретко се во состојба овие луѓе постојано да ги следат, односнобез проблем да ги задржат во членство. Сегашната структура наорганизација тешко дозволува флексибилност по прашањето начленување во синдикат, во време кога флексибилноста на пазаротна трудот стана незаобиколна. Ако некој работник го напуштипретпријатието – без оглед на тоа дали се работи за отказ или занормална промена на работното место – го губи неговото членувањево синдикатот на тоа претпријатие. Неизвесно е дали во неговиотнов работен однос повторно ќе има можности за организирање, истокако што е неизвесно и дали ќе биде подготвен да се обиде повторнода биде член. Така, синдикатите, од година во година, непотребногубат илјадници членови. Секако, постои потреба од оранизационополитичкипромени за во овој поглед подобро да се искористатпостојните можности.Не треба да постои ниту едно место во светот на трудот,кое би било запоставено од страна на синдикатите –ниту тогаш кога нештата не се едноставниАко веќе се позанимававме со различните групи вработени, требада ги разгледаме и местата на кои овие групи се наоѓаат – каде учати работат. Уште на самиот почеток беше укажано на тоа дека светотна трудот силно се издиференцира. Сé помалку го каракктеризираат31

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!