11.07.2015 Views

Македонски

Македонски

Македонски

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Синдикатите во 21. век. Прирачник за дискусија за синдикатите во земјите во транзицијаКоја структура на синдикатот, начелно, кои подрачја на задачитреба да ги преземе? Извесно е дека одговорот на ова прашањележи во статутот, но реалноста која се менува бргу, често покажувадека постојните одредби не се доволни, односно повеќе не се актуелни.Во многу случаи, сојузот и неговите национални грански организацииисе премногу оддалечени од организациите во претпријатијата.Доколку и овде се појде од принципот на „децентрализацијакаде што е можно, да се централизира каде што е неопходно“, тогашможе да се најдат многу примери каде што овој принцип не беше целосноприменет.Преголемата самостојност може да бидеи ограничувачки факторСиндикатите во претпријатијата, врз основа на постојниот статусво поголемиот број случаи имаат голема самостојност, што не е предностза нив. Тие имаат обврска, на пример, во голем дел да раководатсо членството, а ретко поседуваат доволно експертизи за многупрашања од синдикалната работа – ова дотолку повеќе важи коганивната гранка е вклучена во меѓународните текови. Спротивно, организациитешто постојат над нивото на нивните претпријатија, нерасполагаат со доволно знаења во врска со членството, со малкусредства да изградат централни компетенции, што би биле токму вотој случај од корист за активностите во претпријатието, како ниту соспособност за наметнување на својата волја во однос на работодавачитеи политиката. Не може во една гранска организација на националнониво да има само четири или пет лидери! Често ги нема нитолку. Поефикасна гранска структура мора да израсне од долу. Оваго нуди и принципот на демократија кој се однесува за синдикатите.Секое ниво на една гранска организација мора да ужива довербана другото ниво, од една страна, но мора да гарантира и доволнатранспарентност, така што оваа доверба ќе може да биде осигуренаи со демократски избраните контролни инстанци. Врз овој принцип сезаснова и фактот дека гранските синдикати самостојно го избираатсопственото раководство. Ова не може да се случува преку организацијатана ниво на сојуз – во извесна смисла од горе. На тој начин,имено, во значителна мерка би била попречена органската врска помеѓу„обичниот член“ во гранскиот синдикат и неговиот претседател.91

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!