11.07.2015 Views

Македонски

Македонски

Македонски

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Синдикатите во 21. век. Прирачник за дискусија за синдикатите во земјите во транзицијаЗа овој Прирачник за дискусијаОвој Прирачник за дискусија за синдикалците треба да претставувапредизвик при водењето дискусија за иднината на нивните синдикати.Фактите и анализите се засноваат врз скоро 20-годишното искуствона авторот во соработката со синдикатите во земјите во транзиција.Помал акцент е ставен на научно-ориентираната анализа, а многуповеќе на предизвиците и тезите блиски до практиката и кои веднаш,на лице место, ќе можат да бидат предмет на дискусија. Многу од тоане претставува ништо ново во одредена смисла и било предмет наинтерес на одделни синдикати, односно веќе е изменето, но книгатакоја опфаќа повеќето аспекти и некои практични размислувања,сепак, може да претставува помош при водењето неопходна дискусијаза реформите. Прирачникот за дискусија е дополнет и со неодамназавршеното научно истражување на Херберт Кол за фондацијата„Фридрих Еберт“ - за условите за преговарање на учесниците восоцијалниот дијалог во земјите во транзиција.Не се работи за тоа дека е потребно повторно да се откриваатсиндикатите, ниту дека треба да им се поставуваат сосема новизадачи, туку се работи, пред сé, за тоа дека е потребно да сеискористат постојните потенцијали, искуства и досигнувања, такашто и во иднина да бидат од корист за заштитата на интереситена вработените. „Старите одлики“ на синдикатите, како што сесолидарноста и заедништвото, и денес се модерни и неопходни,но сепак, мораат повторно да се дефинираат во услови на новиполитички околности и во сферата на трудот, која трпи константнипромени.Притоа, скоро и да не постојат успешни модели кои можатедноставно да се пренесат, туку синдикатите, најчесто со помош насвоето активно членство, мораат да се борат за изнаоѓање вистинскисредства и патишта во условите кои постојат во нивните земји, а сочија помош ќе се изборат за интересите на вработените.15

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!