11.07.2015 Views

Македонски

Македонски

Македонски

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Синдикатите во 21. век. Прирачник за дискусија за синдикатите во земјите во транзицијаСо сите средства да се обезбеди политичко влијаниеПолитичарите и партиите начелно зависат од гласовите на избирачите.Значи, покрај политичарите и партиите, како директни партнериво разговорите за одредено прашање, тука се и избирачите,кои директно можат да имаат влијание врз политиката. Со тоа, серазвива цела палета од можности како да се привлече нечие внимание.Тоа, секако, е можно само ако синдикатите се во состојба компетентнода ги развијат нивните желби и аргументирано да ги изложат.Успехот на синдикалните активности во најголема мерка зависии од тоа дали синдикатите како компетентен соиграч ќе се покажатна сите полиња на судири.Полето на содржинско влијане се протега од постојаното лобирањево политичкото опкружување, преку далекусежна работа на информирањена членството, па сé до успешното претставување војавноста. Потебно е, пред сé, во сите активности, колку што е тоаможно, да се употреби силата на аргументите.Ако не сакаш милум...Откако сето ова нема да донесе успех, за да се засили притисокот,потребно е заради зајакнување на силата на аргументите да сеупотреби „силата на членството“, а често и повеќе од тоа. Но, истотака, се случува синдикатите пребрзо и без доволно прелиминарнаактивност насочена кон информирање на членството, да се одлучатза штрајк или демонстрации. И скоро секогаш токму овие мерки неуспеваат, затоа што ни самото членство не може да биде покренатоактивно да учествува. Уште помалку другите засегнати се чувствуваатповикани дека треба да го поддржат синдикатот, бидејќи недостасуваатинформации и подготвителна работа за убедување. И во таквитеслучаи, на противникот му е лесно секое конкретно барање, сосите нему расположливи средства, да го оспори – како, на пример,преку печатот, ако аргументите на синдикатите претходно не биледоволно разработени и јавно објавени. На тој начин синдикалните акциибргу се претвораат во безуспешни протестни акции против веќепостојната фактичка состојба. А ова придонесува за создавање негативнаслика во јавноста за организација губитник.76

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!