25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

од кои и да е мотиви да функционира – испорачува површен

МИР – другото е прашање од второстепен интерес.

Прашањата на демократијата, човековите слободи и

права и владеењето на правото безутешно ни се оставени

НАМ, на македонските граѓани (што и да значи тоа), и

на нашето искуство во борбата за нив – имено, за нашата

уставна демократија. Од меѓународната заедница може да

очекуваме реакција само доколку ја ставиме во позиција да

мора да реагира поради нашата стратегија на борба. Таа нема

да предизвика промени од неа самата. Што сумарно значи

дека во Македонија ќе биде ПОЛОШО – пред евентуално

да стане ПОДОБРО! Оттаму, и во тие рамки, ќе ги изложам

констатациите за карактерот на режимот и основите за борба

со него за враќање на слободата и на уставната демократија!

Македонската варијанта на авторитарниот популизам

се конституира преку создавање и засилување на партија

што има претензија да се претставува како суштествен

израз на македонскиот народ, кој е под опсада, под закана

однадвор и однатре. Партијата ДПМНЕ се претвора во некаква

„одбранбена формација“ на загрозениот народ и бара од

него на избори да добие легитимитет, да го дефинира и да

го администрира однесувањето во државата надвор и над

уставните ограничувања на власта во демократијата според

Уставот од 1991. Таа со насилните избори успева во добивање

на таков мандат четврти пат.

Основна алатка на оваа операција за узурпација на

власта е постојаната промоција и градењето идеологија

околу политички конструкт на ОРГАНСКОТО ЕДИНСТВО

на на родот, наместо политичкиот и идеолошкиот

плурализам во демократијата. Суверенот, во нашиот случај

Партијата – ги укинува сите други политички антагонизми,

сите политички борби, ја укинува политиката како таква

и прогласува само една – метаборба со непријателите на

Македонија во органски-хомогено устроен политички

простор (кон надвор со соседите, „кои сакаат да нè нема“,

внатре со предавниците, кои нè слабеат со либералните

идеи за слобода и права) .

8 Љубомир Д. Фрчкоски

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!