25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

модел во неговото родно место – „Западот“ – пред нецела

деценија крахираше (некои велат дека крахот бил особено

изразен на етички план) поради многуте слабости на

моделот на либералната економија воопшто, а во случајов и

поради лидерството на разно-разни матрапази, во ликот на

берзански гуруа, и нивната спрега со корпорациските, но и

со политичките лидери. Но, ако неолиберализмот ги роди

„копилињата“ на капитализмот (дијагноза со која „тамошниот

свет“ секогаш кога општеството запаѓа во неволи си ја мие

совеста, персонализирајќи ја вината!), тогаш транзицијата кај

поранешните комунистички-социјалистички држави ги роди

своите копилиња, т.н. „копилиња на транзицијата“, од кои

некои и денес управуваат со државите – или сами или, пак,

преку нивни екстензии – што е огромна закана за вредностите

на новиот свет, колку и сè уште да ги поимаме тие вредности

како недофатливи апстракции.

Имено, ако „лошите“ на Западот завршуваат таму каде

што им е местото, што е некаков стандард во светот во кој на

правдата некои сетила сè уште не ~ се затапени и каде што

демократијата сè уште ја има апсорпциската моќ да се справи

со секакви скршнувања, на „Истокот“ нема ништо од сета таа

приказна. Токму спротивното. Западот, при инсталирањето

(експанзијата!) на моделот, кон „Исток“ особено, се послужи

со секој оној што беше виден како некој што може да

испорача некаков, разбирливо, само инстант-резултат, а за

последиците секако ќе се размислува „утре“. Та, така, наместо

општества што ќе застанат на цврсти темели (уставноправна

заокруженост со институции што се цврсти и што

функционираат, амбиент на гарантирана правда, слобода,

одговорност при располагањето со јавните ресурси, социјална

правда, мир), се создадоа творби за кои оцената „скапани

држави“ можеби е груба, ама е најблиска.

Советскиот Сојуз дестилираше една серија „сул танистани“,

а самото јадро – Русија, што е историско наследство

од охранашките времиња, остана во рацете на подземната

структура на „службите“, (от)секогаш невидлива, и на нивната

појавна форма, какви што се: олигарсите, политичките

20 Ѓунер Исмаил

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!