25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

талентираните и посветени уметници и културни работници,

пред сè меѓу помладите.

Значи, што да се прави

Да бидам сосема прагматичен и практичен, на крајот;

по осум години државен терор издвојувам еден недвосмислен

одговор: треба да се прави цивилно општество, т.е. систем

паралелен со државниот, систем што го бојкотира режимот

и кој знае да ги сочува вредностите и смислата на оние

луѓе што го избираат цивилното општество, наместо

хиперкорумпираната држава.

Се разбира, поедноставен, можеби дури и полесен

одговор на прашањето: „Што да се прави“ е: Треба да се

уништи окупаторот, узурпаторот на државата, спроведувачот

на теророт. За жал, во овие осум години се покажа дека таа цел

(веројатно приоритетна, веројатно најлогична) е најнереална.

Се покажа дека општеството до тој степен е корумпирано,

што се умртвени енергиите на граѓаните. Дури примарно

можеби не се работи толку ни за страв од режимот (иако го

има, обемно), колку за умор, резигнираност, изгубеност,

опортунизам...

Затоа, во меѓувреме, ми се чини, потребата од градење

граѓанско (цивилно) општество стана поостварлива, а можеби

и поприоритетна цел. Зошто Бидејќи под осумгодишниот

партиско-државен терор сфативме дека општеството е во

многу поголема криза од кризата на власта. Општеството е

заболено во самите дамари: во вредностите и во ориентациите.

Бескрупулозноста и себичноста станаа основни начела на

функционирањето. Да се преживее денот - стана општо

начело на преживување. Се изгубија солидарноста, грижата,

одговорноста, желбата да се согледа поголемата слика

(регионалниот контекст, глобалниот контекст, иднината на

нашите деца)...

Но, има и многу други причини зошто, наместо поправка

на старото, е потребно ново општество, нов концепт, нова

82 Никола Гелевски

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!