sto da se pravi
sto da se pravi
sto da se pravi
- TAGS
- pravi
- isbn
- pasage
- lebensraum
Create successful ePaper yourself
Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.
треба да го направи видливо злото што власта на ДПМНЕ му

го нанесува на општеството во целина.

Делегитимацијата на власта треба да има и своја

меѓународна димензија. Овој процес треба да биде бескомпромисен,

бидејќи фашистичкиот идеолошки супстрат на

режимот на Груевски, втемелен во споеноста на партијата и

државата, критиките кон власта ги прогласува за предавнички

и непатриотски акти против татковината. Активната делегитимација

на ДПМНЕ пред субјектите на меѓународната

заедница ќе ги придобие надворешните сојузници за борба

против недемократскиот режим, а ќе им ја направи потешка

и компромитирачка поддршката на оние што го помагаат

режимот однадвор. Надворешната делегитимација особено

треба да го разобличи надворешното финансирање на

режимот и самоубиственото задолжување на Македонија,

не само од аспект на неговата економска и финансиска

неодржливост туку и од аспект на неговата криминогеност и

неморалност.

Секако, процесот на делегитимација мора да има и своја

домашна перформативна димензија. Тој мора да се отелотвори

во политичка акција, во граѓанско движење и во начин на

живеење низ борба за повторно освојување на демократијата.

Делегитимацијата на власта треба да биде детонатор за

создавање широк фронт за борба против тоталитарниот

режим; таа треба да биде „маја“ за новиот граѓански, сенароден,

натпартиски, надетнички, антифашистички и

демократски обединувачки македонски фронт за борба против

внатрешниот окупатор и за повторно ослободување на

Македонија.

34 Мирослав Грчев