sto da se pravi
sto da se pravi
sto da se pravi
- TAGS
- pravi
- isbn
- pasage
- lebensraum
You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
живееме, кој живее тука и што сакаат луѓето што живеат тука.

Виртуелност што носи од една во друга илузија/заблуда.

Она што е суштинско за постигнување на оваа цел е и

понудата за амнестија на сите што се дел од измамата што ја

доживуваме сега. Тука ги подразбирам и оние што сите ние

интимно ги доживеавме како „предавници“. Молчаливи.

Соучесници според молчаливост. Се разбира, не може да има

амнестија за оние што учествувале во криминални дејствија.

Тие што сториле кривични дела за реализација на оваа голема

измама, треба да одговараат, но треба да се понуди амнестија

на сите што биле уценети (директно или индиректно) во

окупацијата на нашето општество. Тоа се луѓе што немале

избор, биле уценети со кредитите што ги имаат, децата што

плачат, секојдневјето што притиска на сите можни начини и не

профитирале од тоа, освен можеби со вработување/останување

на работа или слични бенефиции, односно преживување.

Амнестијата на овие луѓе е клучна во постигнувањето на

поддршката, постигнување на баланс во односите и можност

за поинакво гласање. Неутрализирање на уцените. Тие луѓе се

жртви исто колку и агресори. Мора да се препознае таа точка на

топење. Да се неутрализира чувството на загрозеност, односно

на „губење на работата“.

Со отворањето на процесот „сите права на сите – веднаш“,

ќе започне мобилизација на сите луѓе, а не се малку, кои како

противници или молчаливи соучесници се во овој систем.

Пресијата што ја искусуваме не можат дури и молчаливите

соученсици да ја издржат долго. Таа на долг рок создава

незадоволство, немање кондиција да се биде „политички

коректен“ за работи за кои имаме различни видувања, почнува

да притиска на дневно ниво, што раѓа уште поголема огорченост.

Треба да се канализира таа огорченост со понуда за поинакво

општество. Каде што не ќе морате да бидете секојдневно

„политички коректни“ со малата група што немилосрдно ги

„јава“сите други.

Понудата на овој концепт ќе ја разбуди фантазијата на

сите различни. Под „различни“ тука не мислам само на она

што е мој животен предизвик, сексуалните малцинства, туку

152 Кочо Андоновски