25.12.2014 Views

sto da se pravi

sto da se pravi

sto da se pravi

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

граѓанско општество. „Скопје 2014“ е најочебијниот симптом

за досега најсериозната криза на македонското општество.

Промена на идентитетот и декултурација

Во психолошка смисла, идентитетот е самопрепознавање

и самодефинирање, кое е структурен услов за континуитет

на личноста и начин на нејзино постоење. Ако колективниот

идентитет е некој вид заеднички именител на индивидуал ни те

идентитетски самочувства, тогаш се разбира дека насилното и

произволно менување на националниот идентитет неизбежно

предизвикува распаѓање или егзистенцијален дисконтинуи тет

на општеството. Македонската држава и култура се изградени

по Втората светска војна преку автентично и модерно

национално самоспознавање, врз основа на идеалите на

слободата и на еднаквоста, со помош на луѓето што се нашите

вистински херои – комитите и партизаните. Негирајќи го тој

национален идентитет за пример, режимот на Груевски со

преродбенички инженеринг успеа од македонската нација

да создаде поделен, шизофренично расцепен и идентитетски

конфузен болен. Од млада, здрава и широкоприфатена нација,

станавме болно општество, кое го дефинираат заблудата за

сопственото потекло, омразата на внатрешните поделби и

паранојата со која се оградува од светот.

Најмалигниот аспект на новата античкомакедонска

идентификација и нејзината икона Александар III Македонски

е факторот што ја „обезбедува“ историската „веродостојност“ за

ова лажирано потекло: мистичната врска меѓу крвта и земјата

македонска. Оваа мистична поврзаност го сочинува ‘рбетот

на темната идеологија, која некои денешни Македонци ги

прави фанатично сигурни во нивното античко потекло. Крвта

и земјата (Blut und Boden) се идеологија што ја потенцира

врската меѓу потеклото на луѓето и територијата што (треба

да) ја населуваат, зашто таа им припаѓа по „родовско и божје“

право. Оваа идеологија се појави кон крајот на 19 век како

мотив на германскиот националромантизам, а подоцна стана

основна супстанција на германскиот расизам, антисемитизам

Што да се прави

25

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!